Овој вкусен вегетаријански шејк е преполн со витамини.
Потребно
- 1 помала главица цвекло (приближно 120гр, варено)
- 125 мл кокосово млеко, разладено
- 1 зрела банана
- 2 семки кардамон
- 7 коцки мраз
- 1 лажица екстракт од ванила
- мал прстофат морска сол
- 2 лажици свежо исцеден сок од лимон
- чиа семе за украсување
Подготовка
- Во блендер ставете го цвеклото со бананата и сите преостанати состојки. Мешајте додека смесата да стане хомогена.
- Ставете го фрапето во стаклени чаши
- Посипете чиа семки за декорација