Ведран | Првото бебе во 2019 година

177

Ведран е првото бебе кое се роди во 2019 година на Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје, една минута по полноќ.

Значење на името Ведран

  • Машко име
  • Името е со словенско потекло.
  • Значење на името: ведар, чист, јасен, а во преносна смисла и: весел, бодар.

Бебето е прво дете на 25-годишната скопјанка Александра Ангеловска, тешко 3.920 грама и долго 52 сантиметри.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој го посети Ведран заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов му посака да биде здрав и жив но, и како што рече, редовно да се вакцинира.

Филипче информира дека ноќеска на Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје се родиле седум бебиња.

Дежурниот тим, според директорот на Клиниката Игор Самарџиски, бил прилично ангажиран со оглед дека имало неколку комплицирани случаи.

– На нашата Клиника во изминатата 2018 година се родија вкупно 4.630 бебиња, истакна Самарџиски.

Здравје и среќа на Ведран му посаката и министерката Царовска и градоначалникот Шилегов.

Мајката од Министерството за труд доби златник, а од Град Скопје штедна книшка со 20.000 денари, кадифено мече и бонбониера.

-Би сакала сите да добијат ваков подарок како мене. Се чувствувам прекрасно. Не очекував дека ќе се породам веднаш по Нова Година, но се надевав и ми се исполни тоа. Породувањето помина во најдобар ред, изјави мајката на Ведран, Александра Ангеловска.