Вечерва се менува времето | Еве како ќе можете брзо да се прилагодите

664

Биолошкиот часовник не знае дека времето се променило поради што ритамот на спиењето се менува, а луѓето во ноќта на промената не можат нормално да заспијат.

Следејќи ги овие неколку совети ќе му помогнете на телото да се прилагоди на промената

Во текот на ноќта од сабота на недела, 28.10., преминуваме од летното сметање на времето на зимско, што значи дека часовникот ќе се врати еден час наназад, од 3 на 2 часа по полноќ. Бидејќи телото не се грижи дали е летно или зимско време, туку се води по внатрешниот часовник, луѓето за тоа би требало темелно да се подготват, бидејќи лишувањето од сон и промената на биоритамот го “тресат” телото во сите области.

Поради промената во пресметувањето на времето најмногу страдаат најранливите луѓе, помладите луѓе со исцрпувачки дневен распоред и жените. Најголемата промена се чувствува два или три дена по поместувањето на часовникот.

На некои луѓе поместувањето на часовникот и не им пречи и потребно им е околу еден ден да се прилагодат, но постојат луѓе на кои приспособувањето им е многу потешко. За среќа, постојат и начини на кои можат да си помогнат.

Полесна адаптација на телото

Иако сериозна причина за паника нема, некои мерки сепак можат да ви помогнат помирно да спиете и побезболно да го синхронизирате внатрешниот часовник со новото, зимското сметање на времето, со што во голема мерка ќе се олесни физичкиот и менталниот стрес.

  • Едноставен трик е да го поместите часовникот во текот на денот и порано да одите на спиење.
  • Посакувано е да се избегнат супстанции кои возбудуваат како што е поголема количина на кафе, чај или цигари.
  • Просторот во кој се спие мора да биде удобен за оваа состојба, или поточно доволно темен, тивок и постуден.
  • Особено е корисен, и инаку препорачлив, здрав појадок и повеќе престојување на отворено, особено на сонце.
  • Хроничните пациенти редовно треба да ја земаат пропишаната терапија, особено кардиолошката, невролошката и психијатриската.
  • Редовната вежба, со која пристојно ќе се испотиме, е основа за кардиоваскуларното здравје и може да помогне на поздрав сон.
  • Ако е можно, обидете се да заспиете најмалку пет минути пред вообичаеното време и така секој ден.