Вчерашниот земјотрес предизвика испукани ѕидови на згради и куќи во Битола | ВИДЕО

292

Синоќешниот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Лерин, поточно на границата со Македонија, беше најмногу почувствуван во Битола, иако потресот беше почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Прилеп, Струмица и други градови.

Потресот предизвика материјални штети. Забележани се испукани ѕидови во куќи и згради.

Голем број Битолчани ноќта ја минаа на отворено откако по земјотресот имаше афтершокови.