Спротивно на популарното мислење пушачите кои успеваат да се изборат со штетната навика, се чувствуваат помалку напнати во споредба со времето во кое пушеле, пишува БиБиСи.
Според истражувањето објавено во British Journal of Psychiatry, шест месеци по прекинот на цигарите кај поранешните пушачи се забележува “значителен пад” во нивоата на загриженост.
Ефектот бил посилен кај луѓето кои страдаат од хронична анксиозност и помал кај оние кои пушеле само за задоволство, а не поради стрес.
Истражувачите, тим од Кејмриџ, Оксфорд и Кингс колеџ, велат дека овие резултати треба да ги натера пушачите, кои се обидуваат да запрат, да не се загрижени дека тоа ќе ги направи напнати.
Неуспешниот обид за сопирање може да ја зголеми загриженоста – но само во мал степен, и тоа кај луѓето кои страдаат од нарушувања на расположението, покажува британското истражување.