ВАЖЕН СОВЕТ НА ДОКТОРИТЕ! Уште еден начин на пренесување коронавирус за кој малку знаеме!

856

Кога пациентот разболен од коронавирус кашла, кива или говори, капки плунка или секрет може да стигнат до лицето на друго лице, што значи дека инфекцијата може да се пренесе преку устата, носот или очите.

Пациентите со вирусот „Ковид-19“ исто така можат да ја пренесат болеста преку своите солзи. Контактот со солзи или површината каде што солзите на заразеното лице се задржале е уште еден потенцијален ризик на зараза од коронавирусот, пишува порталот Lifo.gr.

Исто така можете да се заразите ако допрете некој предмет што има вирус, како што е бирото или рачката од врата, а потоа да ги допрете очите или устата.

Како да се заштитите?

– Важно е да имате предвид дека, иако постои голема паника за зголемено ширење на коронавирусот, мерките на претпазливост во голема мерка би можеле да го намалат ризикот од инфекција. Затоа, секогаш мијте ги рацете секој ден често и детално, одржувајте ја хигиената на леќите и избегнувајте да го допирате или триете носот, устата и особено очите – советува офталмологот Сонал Тули, портпарол на Американската академија за офталмологија.

Ако носите контактни леќи, оставете ги на некое време и определете се за очила. Луѓето кои користат леќи ги допираат очите повеќе од просечниот човек. Носете очила почесто, особено ако имате навика да ги допирате очите често додека носите леќи. Ова може да помогне да се намали иритацијата и да се избегне спонтано допирање или триење на очите.

Контактните леќи или очила за сонце можат да ги заштитат очите од инфекција со капки (носни секрети или плунка) од лице со вирус „Ковид-19“, но не обезбедуваат 100% заштита од инфекција. Причината е што вирусот може да стапи во контакт со вашите очи, и ако ја достигне самата рамка на очилата.

Значи нема простор за паника. Експертите препорачуваат да избегнувате да ги триете очите. Во колку не можете да се ослободите од оваа навика, или честопати ги местите очилата да стојат стабилно на носот, користете марамче наместо голи прсти.

Ако од која било причина мора да ги допрете очите, на пр. за да нанесете капки или маст, добро измијте ги рацете со сапун и вода.