СПОРТ

Вардар директно во групите од ЛШ

By kukuriku

June 16, 2019

Останува истиот систем на натпреварување, со две групи со по 8 екипи, и плус уште две групи со по 6 екипи.

Европската ракометна федерација ги објави 21 екипи што добија директно место во групите од ЕХФ лигата на шампионите за сезоната 2019/2020. На таа листа се најде и Вардар, актуелниот европски првак. „Црвено-црните” ќе играа во А или Б групата, што според квалитет се најсилни. На 27 јуни ќе биде извршена ждрепката кога ќе бидат и познати нашите ривали.

Според пропозициите на ЕХФ, на секоја земја и следува право на едно место во ЛШ за кое сепак националната федерација треба да се пријави. Доколку некој клуб сака да игра во групите од ЛШ, а не е првак тоа може да го стори со пријавување преку сопствената федерација. Потоа ЕХФ разгледувајќи осум други критериуми решава дали и тој клуб може да биде вклучен.

Од бројот на пријавени клубови потоа се одредува дали ќе има потреба од квалификации. Останува истиот систем на натпреварување, со две групи со по 8 екипи, и плус уште две групи со по 6 екипи.

Покрај Вардар, директно место во групната фаза од ЛШ добија и следниве клубови:

Mешков Брест – Белорусија Загреб – Хрватска Алборг – Данска Барселона – Шпанија Кокс – Финска ПСЖ – Франција Фленсбург – Германија Веспрем – Унгарија Селфос – Исланд Елверум – Норвешка Келце – Полска Порто – Португалија Динамо Букурешт – Романија Чеховски Медведи – Русија Целје – Словенија Кадетен Шафхаузен – Швајцарија Татран Прешов – Словачка Савехоф – Шведска Бешикташ – Турција Мотор Запорожје – Украина

Дополнително место во ЛШ бараат и:

ГОГ – Данска Бидасоа – Шпанија Монпелје – Франција Нант – Франција Шамбери – Франција Кил – Германија Магдебург – Германија ПИК Сегед – Унгарија Еш – Луксембург Еурофарм Работник – Македонија Металург – Македонија ОИР Арендал – Норвешка Висла Плоцк – Полска Спортинг – Португалија Кристијанштад – Шведска

rkvardar.mk