Вакцината станува услов за летање со авион?

414

Извршниот директор на австралиската авиокомпанија Qantas, Ален Џојс, изјави дека патниците треба да докажат дека се вакцинирани против КОВИД-19 пред да се качат на меѓународни летови.

Според него, Qantas исто така треба да спроведе своја политика кога станува збор за вакцинација. Тој додаде дека националната австралиска авиокомпанија е „должна да се грижи за своите патници“, пренесува магазинот Травел.

Директорот Џојс за Би-Би-Си изјави дека верува дека владите ширум светот „ќе инсистираат“ на вакцини кога станува збор за меѓународните патници. Многумина од нив веќе зборуваат за вакцинирање на туристите како „услов за влез во земјата“. Сепак, дури и ако не е така, тој смета дека австралиската авиокомпанија треба да води своја политика.

Услови за патување со авион – за безбедноста на сите

Ако една авиокомпанија се грижи за своите патници и членови на екипажот, тогаш таа мора да има за цел да ги чува безбедно сите во својот авион. Интересно е тоа што Ален Џојс верува дека патниците од Qantas ќе бидат целосно подготвени да ја прифатат оваа одлука. Како што изјави, огромното мнозинство од нив сметаат дека ова е одлична идеја. Деведесет проценти од анкетираните од Qantas сметаат дека треба да се вакцинираат сите оние кои сакаат да патуваат во странство.

Спротивен став на СЗО

Сепак, директорот на одделот за дигитално здравје и иновации при Светската здравствена организација, Бернардо Маријано, не се согласува со ова. Тој вели дека СЗО не го одобрува фактот пасошот за вакцинација (т.н. ковид пасош ) да биде услов за патување. Според него, ќе биде потребен целосно унифициран пристап на владите за да се овозможи таква промена.

Во моментов, границите на Австралија се затворени за скоро сите меѓународни патници. Австралиската влада посочи дека на Австралијците може да им биде забрането меѓународно патување до јуни.

Сепак, според секретарот на Министерството за здравство, Брендан Марфи, државните граници може да бидат затворени во поголемиот дел од годината, а сето тоа зависи од австралиската програма за вакцинирање.

Но, дури и кога поголемиот дел од популацијата е вакциниран, тој посочува дека не е познато дали тоа ќе спречи пренесување на вирусот. Ален Џојс се согласи, додавајќи дека кога Австралија ќе ги отвори меѓународните граници, вирусот повторно ќе циркулира. Да се ​​помириме со ова и да го сметаме за прифатливо, ќе биде голема промена за поголемиот дел од земјата. Неопходно е луѓето да разберат дека не може да има нула ризик од овој вирус.

Австралиските власти се надеваат дека ќе ги вакцинираат сите возрасни лица до октомври оваа година. Затоа Qantas го премести датумот кога очекува да ги продолжи меѓународните летови – наместо од јули до крајот на октомври оваа година.

Дигитален пасош

На еден или друг начин, вакцината ќе ја поставуваат други авиокомпании како еден од условите за патување. Ер Србија, во соработка со Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), на почетокот на април ќе започне со тестирање на IATA дигитален пасош („IATA Travel Pass“), мобилна апликација која им помага на патниците да ги организираат своите патувања во согласност со барањата на земјите во врска со тестирањето на КОВИД-19 или вакцинации.

Патниците на „Ер Србија“ ќе имаат можност лесно и едноставно да го креираат својот дигитален пасош. По тестирањето и / или вакцинирањето, референтните лаборатории безбедно испраќаат заштитени податоци до апликацијата на поединецот. „IATA Travel Pass“ тогаш ќе ги спореди потребните услови за патување со внесените податоци за патниците и сите што ги исполнуваат условите за посакуваната дестинација ќе добијат дозвола за патување.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.