Утрово три нови силни земјотреси во областа на Петриња

623

ЗАГРЕБ, 30 декември (Хина) – Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Хрватска сабајлево, според Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Тоа се случи во 6,15 часот наутро на длабочина од 10 километри со епицентар на 37 километри југоисточно од Загреб и 18 километри западно од Сисак.

Сеизмолошката служба на Република Хрватска објави дека подрачјето на Петриња е потресено утрово од серија од три земјотреси по 6 часот – во 6,15 часот со јачина од 4,7 степени, во 6,26 часот 4,8 и 6,29 часот со големина од 3,9 степени.