УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОБЈАВИ ПОБЕДА НАД КОРОНАТА | 70% од населението е вакцинирано, затоа ги отвараат рестораните

1657

“Време е да ја оставиме зад себе најсмртоносната зима”, вели претседателот на оваа земја.

Гибралтар, мала британска енклава, одлучи да укине некои епидемиолошки мерки како што се полициски час и носење заштитни маски на улица откако вакцинира 70 проценти од населението, соопштија тамошните власти во четвртокот.

Одлуката е донесена поради „многу малиот“ број на новоинфицирани, што е резултат на „успешна програма за вакцинација“, изјави министерката за цивилна заштита, Саманта Сакраменто.

Гибралтар, на крајниот југ на Шпанија, воведе полициски час од 22:00 до 6:00 часот на крајот на декември, додека бројот на случаи на инфекција бил на својот врв.

Полицискиот час, кој беше скратен, е укинат вчера, а баровите и рестораните ќе можат да работат до 02:00 часот по полноќ.

Исто така, обврската за носење маска на попосетуваните улици во Гибралтар ќе биде укинат од недела, но таа ќе остане задолжителна во затворен простор, во продавниците и во јавниот превоз.

„Конечно ја оставаме најсмртоносната зима и влегуваме во пролетта што ни носи надеж“, рече премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо.

Во пандемијата починаа 94 лица во Гибралтар, претежно во јануари и февруари, а вирусот заразил 4.200 од 34.000 жители. Во последната недела е пријавено само едно ново заразено лице и нема повеќе пациенти со КОВИД во болницата во енклавата.

Програмата за вакцинација во Гибралтар наречена „Операција слобода“ овозможи имунизација на повеќе од 24.000 лица, или 70% од населението. Властите се надеваат дека сите жители ќе ги примат двете дози на вакцината до средината на април.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.