Уште еден земјотрес го стресе Загреб, 15-годишното девојче и натаму е во критична состојба

390

Попладневниот земјотрес, според пишувањето на хрватските медиуми, силно се почувстувал во цел Загреб.

Во 16.16 часот денеска попладне во Загреб повторно силно се тресеше, а според првичните податоци во потресите утрово повредени се 17 лица, додека 15-годишно девојче и натаму е во критична состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Попладневниот земјотрес, според пишувањето на хрватските медиуми, силно се почувстувал во цел Загреб.

Сепак, надлежните ги предупредуваат граѓаните дека ширењето на коронавирусот е многу поопасно од земјотрес, кој не може да се предвиди, па се укажува на потребата од почитувањето на претходно издадените упатства.

Поради земјотресот многу загрепчани се упатија кон Приморје, најмногу кон Риека, па набрзо сите пунктови беа затворени, а они екои успеаја да влезат во некои од приморските градови, одредена им е 14-дневна изолација поради коронавирусот.

Слободен печат