Уписите на првачињата ќе почнат од јуни

898

Учебната година нема да се повторува од септември, рече министерот за образование, Арбр Адеми, на денешната прес конференција.

– Уписите на првачињата кои се одвиваат од мај до септември, поради пандемијата оваа година одлучивме уписот да биде во јуни. Во сетот мерките кои ги предложивме до Владата за разгледување стои да се пролонгира рокот за упис на првачиња од мај до јуни, имајќи предвид дека им требаат потврди за примени вакцини, кои се издаваат од здравствениот систем, појасни министерот за образование Адеми.

Адеми: Полагање на државната матура во јуни или укинување на обврската за оваа генерација

Министерот за образовани Арбер Адеми, на денешната прес конференција најави дека следните денови ќе биде познато дали годинава ќе се полага државна матура.

Полагање на државната матура во јуни или укинување на обврската за оваа генерација матуранти се опциите кои ќе бидат разгледувани на наредните владини седници, рече Адеми.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.