SHOWBIZ

Unplugged на Тони Цетински во “Intermezzo Music Bar”

By kukuriku

October 05, 2020

Синоќа свое музичко преставување пред гостите во кафе барот “Интермецо“, имаше Тони Цетински, пејач од Хрватска.

Концертот се одржа во малку невообичаена атмсфера пред околу 200ни гости, видно исплашени од настаните, оние кои се случуваа предходниве денови по локалите во Скопје слични на Инетрмецо, и од присуството на голем број обезбедување и полиција.

Букавлно на секоја маса имаше обезбедување кое внимаваше да не се стане од столче, а префрлуваа на секоја симната маска. Иако настанот се случуваше на отворено, движењата беа ограничени од маса до тоалет. Во три збора, “препораките беа испочитувани“.

Полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат патролираа на секои 20-30 минути, но и покрај тоа Тони Цетински успеа да создаде културна атмосвера и да го оправда доаѓањето во Скопје, кое преставува негово прво музицирање и излез од границите на државата од која доаѓа, не сметајќи го хуманитарниот концерт токму во рамките на, и за корона кризата.

Се на се, пубиката задоволна, а организаторот не ми се верува дека ги покрил трошоците, но остави простор за нови гостувања во добро организаиран настан при пандемија услови.