ЖИВОТ

Универзална формула за човековата среќа

By kukuriku

March 27, 2020

Секој човек ја сфаќа среќата на свој посебен начин, но научници од Универзитетот Харвард ја пронашле универзалната формула за сите вистински задоволства на човекот, а во неа не се вклучени материјалните нешта, парите и славата.

Истражувањето траело 80 години, поточно од 1938 година, при што првично е следена здравствената состојба на 268 студенти на Харвард, а подоцна тој број се искачил на 1.300, т.е. опфатени се и потомците на испитаниците.

Анализата на податоците покажува дека главен фактор за среќата имаат односите со другите луѓе, вели авторот на студијата, Роберт Влајдингер.

– Односите со другите, и колку сме задоволни од нив, и тоа како влијае на нашето здравје. Да, важно е да се грижиме за физичкото здравје, но одржувањето здрави односи со луѓето околу нас е уште поважно, смета Влајдингер, додавајќи дека материјалните нешта, парите и славата не се рецепт за среќата.

– Самотијата убива и може да делува негативно врз човекот, како што тоа го чини алкохолот, никотинот и наркотиците, истакнува авторот.