Унгарија стана првата земја во ЕУ која ги одобри вакцините Спутник V

182

И покрај предупредувањата на Брусел, Унгарија одлучи да се придвижи напред со своите планови за набавка на првата група на руски вакцини против Covid-19.

Неодамна, унгарскиот министер за надворешни работи Peter Szijjart објави дека првите 10 дози на Спутник V веќе пристигнале во Унгарија и ќе започнат лабораториски тестови, пред потенцијалните клинички испитувања и одобрување за масовна употреба.

Подоцна, руското Министерство за индустрија и трговија соопшти дека ако сè оди добро, двете нации размислуваат за заедничко производство на вакцината со седиште во Унгарија.

Надвор од ЕУ, Русија водеше преговори со низа потенцијални партнери за развој и производство на вакцини, вклучувајќи ги Индија, Мексико, Бразил, Азербејџан, Казахстан и Белорусија.