ЗДРАВЈЕ

Улогата на косата е да го чува мозокот од неповолни материи и надворешни влијанија

By kukuriku

August 12, 2021

Косата помага за производство на витамин D во поголема мера отколку кожата. Опаѓањето на косата понекогаш се должи на супстанциите коишто не дозволуваат згрутчување на крвта, како и на препаратите против висок крвен притисок.

Состојбата на косата е индикатор за вкупното физичко и ментално здравје на човекот. Многу луѓе коишто ја губат косата прибегнуваат кон нестандардни методи на лекување, откако веќе се обиделе безуспешно со најразлични средства и рецепти.

Истражувањата покажуваат дека косопадот најчесто се засилува во периодот на промената на пролетта со летото и на есен со зимата, бидејќи тогаш старите влакна паѓаат, за да дадат место да пораснат нови и здрави.

Косопадот се среќава не само кај возрасни, туку и кај мали деца – најчесто по растројство на жлездите со внатрешна секреција. Кај младите причините може да се наследни. Тој може да се појави како последица на хормоналната нерамнотежа, неправилна исхрана или загадување на организмот по тешка болест.

Кај постарите луѓе се појавува т.н. старечко губење на косата. Во последно време, сепак се повеќе млади мажи, меѓу 20-30 година, имаат ретка коса. Не се малку и случаите на млади девојки со ретки коси.Паѓањето на косата може да се случи и кај бремените жени и кај мајките за време на доењето.

Ако дневно во четката ви остануваат повеќе од 100 влакна, а косата естанува се поретка со времето, значи имате сериозен проблем. Многу жени тогаш прибегнуваат кон лекување со скапи препарати и тинктури за коса. Најчесто залудни!

За да го решите овој проблем, потребно е да направите консултација со дерматолог. Најдобро е кога ќе одлучите да одите за консултација кај таков специјалист, косата да не ја миете барем 2 дена.

Лекарот прави проверка на состојбата на кожата на главата , зема за анализа и мал дел од кожата. Самата постапка воопшто не е болна. Се земаат од различни места од главата и неколку влакното за биохемиски анализи. Така лабораториски ќе се утврди интензитетот на размената на материи во косата и какво лекување е потребно.

Можно е дерматологот да препорача дополнителна биохемиска нализа на крвта и на одредени хормони. Како, ако е потребно, и консултации со гинеколог, ендокринолог или гастроентеролог, за да може да се донннесе точна дијагноза.

По 2-3 дена веќе ќе има резултат од овој прв преглед на состојбата на кожата на главата и косата по неа. Врз основа на сите истражувања ќе биде одредено и потребното лекување.

Шампон

Внимателно прочитајте го текстот на пакувањето и користете го оној кој е за вашиот тип коса. Дека сте го избрале правилниот, ќе дознаете по чистата коса, лесното расчешлување, содржината на хранливи материи и недостаток на иритација на кожата на главата.

Балсам

Неопходно е да се користи посебен балсам, а не 2 во едно. Тој ќе ви помогне при негување на косата и за нејзино лесно расчешлување.

Маска

Користете лековити маски според типот на вашата коса. Тие се нанесуваат 15-20 мин, 1-2 пати неделно. Тие имаат многу добар ефект и максимално го намалуваат губењето на косата.