УКРАИНЦИТЕ ГО ОШТЕТИЛЕ РУСКИОТ „ПАНЦИР“ ВО НАПАДИ НА ЗМИСКИОТ ОСТРОВ, БОРБАТА ЗА КОНТРОЛА НА ЦРНОТО МОРЕ Е ВО ТЕК !? Дали предвреме прогласиле „победа“?

623

Украинците извршиле силен напад врз руските сили, јавуваат британските агенции и украинската страна…

Украинската страна ја прогласи својата „значајна“ победа против црноморските сили на Русија, откако го нападна рускиот гарнизон на стратешкиот Змиски остров. Украинската јужна оперативна команда соопшти дека извршила „целни напади користејќи различни сили“ на островот, нанесувајќи им големи загуби на војниците на Кремљ.

Украинците тврдат дека на фотографијата се сателитски снимки кои ја покажуваат штетата што ја предизвикале киевските сили во борбата за островот. Рускиот противвоздушен систем Панцир, радарската станица и возилата наводно биле оштетени во нападите на островот. Руската страна се уште не ги коментира овие наводи.

– Ова е само последниот удар за Путин, кој претрпе „вонредни“ загуби со проруските сепаратисти во Доњецк, кои загубија 55 отсто од своите војници – објави во средата британската разузнавачка служба.

Воениот пункт „Змиски остров“, кој се наоѓа во близина на јужниот брег на Украина во Црното Море, се покажа како вредна стратешка позиција за двете страни. Русија го окупираше островот на почетокот на војната и главно успеа да ја задржи контролата над него, но нејзините сили оттогаш се изложени на бомбардирања.