УКРАИНА ТАГУВА ! Десетици спортисти загинале во војната! Фото

1109

Крајот на војната во Украина не е на повидок, а откако започнала таа однесе многу животи, а меѓу многуте жртви има и спортисти.

Според локалната украинска невладина организација, до 11 јули во Украина загинале дури 77 спортисти! Меѓу нив има и тројца малолетници: гимнастичарката Екатерина Дјаченко (11), кревачот на тегови Алина Перегудова (14) и самбо борецот Артјом Применко (16).

Меѓу другите, загинати се и кикбоксерот Микола Забавчук, рагбистот Максим Шветс и strongmen шампионот Васил Павелев.

За жал, пливачот Володимир Уљаницки, тренерот на ватерполо Виталиј Лисун, гимнастичарката Дарија Курдел и фудбалерот Серхи Баланчук повеќе не се меѓу живите. Некои од загинатите спортисти се бореле и загинаа на првата линија.

Веб-страницата отворена за време на војната од страна на Спортскиот комитет на Украина под името „Спортски ангели“ содржи информации за починатите спортисти.