Европската фудбалска куќа (УЕФА) донесе одлука за случајот со свирежите на бугарската химна во Скопје на крајот на септември на дуелот од Лигата на нации меѓу Македонија и Бугарија.
По одлуката, стана јасно дека ФФМ ќе треба да плати 10.000 евра за исвиркувањето на химната, како и дополнителни 4.500 евра за фрлени предмети на теренот за време на натпреварот.
Санкцијата беше очекувана врз основа на слични одлуки на дисциплинската комисија на УЕФА.
Бугарија го доби натпреварот со 1:0 со голот на Кирил Десподов.
Во соопштението на УЕФА, се наведува дека казна од еден меч добива и Тодоровски кој прерано го заврши дуелот со Бугарите поради груб старт за кој заработи директен црвен картон.