ЖИВОТ

Учителот го прашал Платон КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ЉУБОВТА И БРАКОТ?

By kukuriku

October 15, 2018

Дали постои разлика помеѓу љубовта и бракот? Еве што за тоа кажал големиот филозоф Платон.

Што е љубов?

Еден ден, Платон го прашал својот учител: “Што е љубов? Како можам да ја најдам?”

Учителот му одговорил: “Пред тебе стои огромно поле со пченица. Оди напред и не се врти, и скини само едно стебленце. Ако пронајдеш најубаво стебленце, тогаш си пронашол љубов”.

Платон отишол напред и брзо се вратил со празни раце, без да скине стебленце. Учителот го прашал: “Зошто не скина ниту едно стебленце?”

Платон му одговорил на тоа: “Затоа што можев само еднаш да изберам, но не можев да се вратам назад.

Пронајдов најубаво стебленце, но не знаев дали има уште подобри пред мене, па не го скинав. Како што одев напред, сфатив дека стебленцата кои ги видов не биле толку добри како претходните, па на крајот не избрав ниту едно”.

На тоа учителот му рече: “Е, тоа е љубов”.

Што е брак?

Продолжува на страна 2

Следниот ден, Платон го прашал учителот: “Што е брак? Како можам да го пронајдам?”

Учителот му одговорил на следен начин: “Пред тебе има бујна шума. Оди напред без да се вртиш назад, и урни само едно дрво. Ако најдеш највисоко дрво, ти си пронашол брак”.

Платон тргнал напред и по некое време се вратил со дрвото. Дрвото не беше ни бујно ниту високо. Тоа беше само едно обично дрво.

Учителот го прашал: “Зошто урна толку обично дрво?”

Платон одговорил: “Поради моето претходно искуство. Поминав половина шума. Овој пат го видов дрвото и мислев дека не е толку лошо, па го исеков и го донесов тука. Не сакав да ја пропуштам можноста.”

Учителот тогаш му рече: “Е, ова е брак”.