Убавите жени ја поттикнуваат меморијата кај мажите

1644
Кели Брук

Научниците открија дека мажите повеќе ќе запомнат детали за жената само што ја запознале ако таа има прав сооднос на половината и колковите.

Истражувањето покажало дека најмногу се помни ако размерот е 0,70 (големина на половината е 70 посто од обемот на колковите) или она што се смета за совршена фигура, со каква можат да се пофалат Кејт Мос, Кели Брук, Џесика Алба и секако, најпривлечната русокоса на сите времиња, Мерилин Монро.

Во експериментот бил вклучени 218 мажи, на кои им биле прикажани фотографии на облечени жени на кои дигитално им се менувале големината на половината и колковите.

Кејт Мос

Секоја фотографија ја гледале четири минути и ги следеле информации како имиња, години, работа, образование, хоби и семејство на личноста.

Потоа, испитаниците две минути работеле основни аритметички операции, потоа одговарале на прашања поврзани со жените од фотографиите. Колку односот на половината и колковите бил поблиски до 0,70, испитаникот помнел повеќе информации.

Џесика Алба

Причината е едноставна – мажите повеќе помнат кога се во прашање атрактивни девојки, за подоцна полесно ги заведат, но и да бидат сигурно дека со убавата дама и потенцијален партнер делат заеднички интересирање, семејна историја и ниво на образование.