Турција подготвува изградба на центар за руски гас

512

Турција започна подготвителна работа на проектот за гасен центар предложен од рускиот претседател Владимир Путин, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува ТВ ТРТ.

“Како што знаете, Путин предложи да изградиме гасен центар во Турција за дистрибуција на гас во Европа и подготвителните работи се во тек“, рече Ердоган на средбата со младите во градот Шанлиурфа на југоистокот од земјата.

Путин неодамна на руската „Недела на енергијата“ изјави дека со Ердоган разговарал за изградба на уште еден гасовод и формирање на гасен центар во Турција, од каде гасот би се испорачувал до трети земји, пред сѐ членки на Европската унија, доколку тие се заинтересирани за купување.

Путин и Ердоган разговарале за деталите од тој план на 13 октомври во Астана, пренесе Тасс.