Бидејќи не можеме да го запреме или барем да го забавиме доаѓањето на есента и намалувањето на температурите, себе си се обидуваме да се “зачуваме” со разни мали работи кои треба да нè подготват за новата сезона.
Обично, најсилно влијание кај нас имаат мирисите, бидејќи за секунда можат да нè пренесат назад во оној сончевите денови на плажа, во кој единствениот проблем беше дали е доволно студен коктелот.
Но, сега е време да ја преобразиме козметичката рутина спрема временските услови, па решивме да ги одбереме најубавите состојки за еден хидратантен путер за тело.
Природните производи можат да се најдат лесно, а домашно подготвената козметика е буквално непроценлива и незаменлива во грижата за кожата.
Ви претставуваме рецепт за масло за тело со цитрусни ноти и манго.
Потребно
- 10 грама пчелин восок
- 25 грама какао путер
- 30 грама путер од шија
- 25 грама путер од манго
- 1 лажичка бадемово масло
- 1 лажичка витамин Е
- 20 капки цитрусно есенцијално масло
Подготовка
Се топи восокот, маслото од шија, какао путерот и маслото од манго во водена бања. Оставете ја добиената смеса да се вари на оган за 20 минути како превентивна мерка против формирањето на гранули откако ќе се излади.
Додадете бадемово масло и Витамин Потоа загрејте за уште неколку минути додека не се добие апсолутно течна смеса. Тргнете од топлина и додадете ги етеричните масла, после што сè се меша добро.
Поделете во садовите во кои ќе го сместите маслото за тело и почекајте да се зацврсти добро пред да го користите.