На лицата кои конзумираат т.н. „лоши“ јаглехидрати, им се заканува до три пати поголем ризик од карцином на дојка и на простата, покажува истражувањето спроведено на Универзитетот Њујорк.
Научниците појаснуваат дека нивните наоди се однесуваат на честата конзумација на засладени пијалаци и разни видови слатки и брза храна.
Податоците собрани од околу 3.200 испитаници следени 20 години не се доволни за воспоставување причинско-последична врска меѓу внесот на ваквите јаглехидрати и ракот, напоменуваат истражувачите.
Сепак, вооченото зголемување на карцином на дојка и на простата, било присутно без оглед на телесната маса, пушењето или останатите прехранбени навики.
Според научниците, бројни се здравствените причини поради кои „лошите“ јаглехидрати би требало да се заменат со оние од овојшето, зеленчукот, и производите од интегрални житарки.