Три години затвор и 45.000 евра ако некој политичар вработи член на семејство

529

Францускиот парламент донесе закон за моралноста на политичкиот живот, со кој им се забранува на политичарите да вработуваат членови на нивните семејства.

Законот им забранува на министрите, замениците и членовите на локалните власти да вработуваат венчани или невенчани сопружници, потоа родители и деца, сѐ под закана на казна од три години затвор и 45.000 евра.

Предлог-законот беше поддржан од 383 пратеници, тројца против и 48 воздржани. Членовите на владејачкото мнозинство аплаудираа по гласањето на законот.

Францускиот министер за правда, Никол Белубе, им честиташе на позитивниот сигнал упатен на своите сограѓани.

Пратеникот од комунистичката партија Пјер Даревил искоментирал. „слон роди глушец“.

Макрон ветил брзо усвојување на законот, откако претседателската кампања ја доведе во прашање квалификуваноста на некои кандидати.

Десничарскиот претседателски кандидат Франсоа Фијон, кој беше фаворит за нов шеф на државата на почетокот на кампањата, забележа остар пад на популарноста по скандалот со измислени работни места во парламентот за неговата сопруга Пенелопе и нивните две од пет деца.

За време на кампањата беше покренато прелиминарно обвинение за злоупотреба на јавни средства против Фијон. Подоцна беше обвинета и за неговата сопруга.

Екстремно десничарската партија Национален фронт на Марин Ле Пен, исто така, под истрага за измами и малверзации.

Законот предвидува и други видови на контроли за пратениците, вклучително и забрана за консултантски активности за да се избегне судир на интереси, како и нов систем за контрола на нивните трошоци, кој исто така ќе го следи Министерството за економија за да се избегне затајување данок и други измами.