СЕМЕЈСТВО

Три детски реакции на лоши оценки кои не смеете да ги игнорирате

By kukuriku

February 05, 2019

Како вашето дете реагира на лоши оценки?

Истражувањата покажуваат дека реакцијата на детето и образложението на личниот неуспех зборува многу за тоа дали тоа ќе престане да се труди. Помогнете му на детето со тоа што ќе обрнете внимание на она што го зборува кога го опишува неговиот неуспех во нешто.

Покажете му како да ги гледа работите од друг агол, да изгради самодоверба и да ја подобри својата ефикасност.

Почнете така што ќе го следите вашето дете во различни ситуации, на пример кога добива лоши оценки, кога ќе загуби во натпревар или кога не се согласува со другите. Задолжително реагирајте на следните реченици:

Јас сум виновен (а) – Детето се разбира лично.

Никогаш не ги изработувам добро контролните. Секогаш правам грешки – Детето се гледа како трајно и неминливо

Ништо не ми оди од рака. Се што ќе направам е погрешно – Детето неуспехот го гледа како општоприсутна појава.

Откријте ги силните страни на вашето дете и истакнувајте ги. Помогнете му да го поправи успехот во училиштето, но исто така поддржувајте го и фалете ги неговите успеси на другите полиња, надвор од училницата, без разлика дали станува збор за музика, спорт, односот со другарчињата и слично.