МИСТЕРИИ

Третата светска војна почнува на Балканот | Од овие пророштва, нема да ви биде сеедно! ФОТО

By kukuriku

February 28, 2019

Со оглед на тоа дека сме сведоци на многу предвидувања нема причина да не веруваме ниту во овие во текстот, кои реално се можни. Видете за што се работи.

И покрај фактот дека луѓето на планетава се заинтересирани за она што ќе се случи во иднина, многумина од нив самото сознание за тоа и ги плаши. За предвидувањата се напишани стотици книги. За многу од нив веќе сте слушнале, но што е со оние кои ѝ се помалку познати на јавноста?

Во овој текст ќе ве известиме за одредени пророштва за кои, веруваме, досега не сте слушнале, но, и ќе ве потсетиме на некои веќе познати.

Алојз Ирлмајер

Германецот Ирлмајер во 1950 година ја прогнозирал Третата светска војна. Според него, токму нашиот полуостров ќе биде место на почетокот на новото страдање.

– Сѐ ќе повикува на мир. Одеднаш ќе има војна на Блискиот Исток која ќе се зголемува, големите поморски сили ќе се соочат со непријателот на Средоземното Море, а ситуацијата ќе биде многу напната. Сепак, првата вистинска искра ќе биде запалена на Балканот. Гледам некој голем како паѓа, крвав нож лежи покрај него. Двајца мажи ќе го убијат третиот високо позицициониран. Тие се платени од страна на други луѓе. Едниот убиец е мал и темен, а другиот малку повисок и со посветла боја на косата. Мислам дека ова ќе се случи на Балканот, но не можам да тврдам. Одмаздата наскоро ќе стигне преку големата вода. Меѓутоа, жолтиот змеј ќе нападне истовремено во Алјаска и Канада, но нема далеку да стигне. Кога златниот град ќе биде уништен, ќе започне војна.

Интересно е дека сите сме сведоци на големи немири само на Блискиот Исток, и зголемениот раздор меѓу светските лидери. Времето ќе покаже што нѐ чека во иднина.

Продолжува на страна 2  

Урсула Саутејл

Многу дебати се водат заради нејзините предвидувања и не е познато дали токму таа ги напишала, но сепак, на Урсула ѝ се припишуваат. Таа била позната во времето на Семјуел Пепис кој пишувал за кралското семејство и за предвидувањата на Урсула.

– Кочија без коњи ќе оди, катастрофата ќе го исполни светот со беда. Во Лондон, Примроуз Хил ќе биде центар кој ќе држи море.

– Околу светот човековата мисла ќе лета толку брзо како за миг. И вода ќе направи големи чуда, многу чудно, но сепак ќе се оствари.

– Во водата, железото ќе плови лесно како дрвен чун. Злато ќе се види во потокот и камењата во една земја која сѐ уште не е позната.

– Англија ќе ги признае Евреите, мислите дека ова е чудно? Но, тоа е вистина. Евреин, кој некогаш беше омразен, ќе се роди од христијанството.

– За оние во далечна иднина, жените ќе почнат да се облекуваат како мажи, панталони ќе носат и ќе ја исечат својата коса.

Познато е дека Евреите слободно се движат низ светот и никој повеќе не покажува со прст на нив, како и дека девојките и жените носат припиени панталони, фармерки и хеланки, но и кратка коса.

Продолжува на страна 3

Роберт Никсон

Тоа беше еден млад човек кој во 15 век работел како орач во Чешајр во Англија. Многу ретко зборувал и обично бил несфатлив, заради што многумина сметале дека е ментално ретардиран. Сепак, тој имал голем број изненадувачки точни предвидувања на иднината.

– Уморен орел на сончев остров ќе замине во пензија, каде лисјето и билките растат свежо и во зелена боја. Тој таму ќе се состане со дама. (Многумина веруваат дека тука се работи за Наполеон кој бил испратен во 1815 година на островот).

– Сите видови на оџаци, луѓето ќе ги имаат во уста. (Ова не треба да се објаснува).

За Никсон се верува дека прв предвидел патување на Месечината, патување во ракети, машини за снимање на звук и светилки. Кога Ричард III го повикал на дворот, Никсон одбил да му ги раскаже сите свои предвидувања. Единствено нешто што му кажал било дека светот се соочува со голема глад. Кралот му наредил да го затворат во кујна, но несвесен готвач го затворил во шкаф каде што умрел од глад.

Пророштвото на белиот коњ

Се верува дека ова предвидување било создадено во 1843 година, и дека е “дело” на Џозеф Смит, основачот на мормонската религија. Според него, Мормоните ќе заминат на Карпестите Планини и ќе станат голем и силен народ, идентификувајќи ги со бел коњ кој е опишан во Откровението на Свети Јован. Пророштвото предвидува и дека еден ден Уставот на САД ќе виси на конец, како и дека ќе биде спасен поради напорите на белиот коњ.

– Страшна револуцијата ќе има во САД, каква што никој никогаш не видел, земјата ќе остане без врховната власт, а беззаконието ќе владее насекаде во земјата. Таткото ќе биде против синот и синот против таткото, мајката против ќерката и ќерката против мајката. Најстрашната сцена на крвопролевањето на убиствата и силувањата кои никогаш не ви ни паднале на ум.

Смит смета дека Уставот на САД е напишан со вдахновението на Бога и дека мормонската религија би требало да го заштити.

Продолжува на страна 4

Хилдегард фон Бинген

Калуѓерка од 12 век која е позната по својот огромен придонес во класичната музика и литература, иако таа имала многу свои пророштва, не била позната по нив. Меѓутоа, едно од нејзините предвидувања се однесува на уништување на Соединетите Американски Држави.

– Пред да стигне комета, многу народи, освен добрите ќе бидат уништени од сиромаштија и глад. Големата нација во океанот која е населена со различни племиња ќе биде уништена од земјотреси, бури и бранови. Ќе биде поделена, а со поголемиот дел потоната. Луѓето ќе имаат многу несреќи на море и ќе ги изгубат колониите на Истокот. После големата комета, големиот народ ќе биде уништен од земјотреси, луњи и големи бранови на вода, предизвикувајќи многу горештини и чума. Океанот ќе уништи повеќе земји, така што сите крајбрежни градови ќе живеат во страв, а многу од нив ќе бидат уништени.

Исто така, предвидела дека мирот ќе се врати во земјата дури кога францускиот трон ќе биде обновен. Инаку, за време на нејзиното предвидување, тој не бил уништен.

Баба Ванѓа

Баба Ванѓа била слепа Бугарка, која кажала неколку точни предвидувања со кои станала многу популарна.

Кога таа починала, голем број луѓе дошле на нејзиниот погреб. Таа тврдела дека 4509 година човекот ќе стане толку развиен и ќе може директно да комуницира со Бога. Меѓутоа, 2221 година ќе биде потрага по вонземјани и човекот ќе дојде во контакт со нешто навистина страшно, но не сакаше да прецизира што.

Што се однесува до поновата иднина, таа за 2023 година изјавила дека гледа промена во орбитата на земјата, а истакнала и дека 2010 ќе почне Трета светска војна, така што војните на прво место ќе избијат во земјите каде што луѓето ќе се борат едни со други, и дека подоцна тоа ќе се прошири во целиот свет.

Продолжува на страна 5

Пророштвото на Тарабиќ

За Митар Тарабиќ се верува дека предвидел многу настани кој се случија во Србија пред и за време на Втората светска војна.

– По Тито, нашата земја ќе ја раководи некој вид комисија, но тоа никогаш нема да биде како што било. Иако луѓето во нашата земја ќе заборават на беда и глад и ќе живеат во големо богатство, брат ќе почне да го мрази братот свој. Србите ќе се одделат едни од други и ќе зборуваат дека не се Срби. Противниците ќе се инфилтрираат во овој народ и ќе легнат во постела со српските сестри, мајки и сопруги. Само слабаци ќе се раѓаат и никој нема да биде доволно силен за да биде вистински херој.

Митар видел и други работи кои се поврзани со технологијата.

– Мажите ќе изградат кутија и внатре ќе има нешто со сликите. Човекот ќе патува во други светови таму да пронајде безживотни пустини. Оние кои ќе читаат и пишуваат различни книги со броеви ќе мислат дека знаат најмногу.

(Listverse.com)