Трамп изјави дека Русија испратила во САД авион со медицинска опрема за борба против коронавирусот

545

Американскиот претседател не изнесе никакви детали поврзани со оваа помош која Москва им ја укажала на Соединетите Американски Држави.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави во понеделникот дека Русија во врска со пандемијата на COVID-19 (болест предизвикана од новиот коронавирус) испратила во САД авион со медицинска опрема.

„Ние имаме одлични односи со многу земји. Кина ни испрати некои работи… <…>. Русија ни испрати многу, многу голем авион <…> со медицинска опрема. Тоа е навистина фино“, рече Трамп на брифингот во Белата куќа. Американскиот лидер не наведе никакви други детали поврзани со помошта која Москва му ја дала на Вашингтон.

„Други земји ни испратија по нешто. Бев изненаден, пријатно изненаден“, додаде шефот на Белата куќа.

Според информацијата на Универзитетот „Џон Хопкинс“, кој врз основа на податоците на федералните и локалните власти прави статистички извештаи, во САД се забележани преку 160000 случаи на зараза со новиот коронавирус. Починале преку 2900 луѓе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.