Трагедија на московскиот аеродром | Само 37 луѓе го преживеале пожарот | Видео

310

На авионот на “Аерофлот” кој летал за Мурманск му се запалиле моторите и од втор обид принудно слетал. Трагедијата ја преживеале 37 лица од вкупно 78 колку што биле во авионот.

Од 78 лица во авионот на “Аерофлот”, само 37 луѓе го преживеаја пожарот кој го зафати авионот при принудно слетување на московскиот аеродром Шереметјево, објави РТ, наведувајќи истражителите на оваа авијациска несреќа.

Се уште не е познато колкав е бројот на повредените.

ТАСС, исто така, наведува дека членовите на екипажот изјавиле дека пожарот избувнал откако авионот го погодила молња.

На снимките од Твитер, се гледа како патниците скокале од авионот кој зад нив го голтал оганот. Инспекторите велат дека евакуацијата траела само 55 секунди, додека вообичаеното време било 90.