Убавината е субјективен поим, но убавата кожа, исцртаните веѓите и сочните усни се посакувани речиси насекаде.
Жените даваат куп пари за козметика и различни постапки, а понекогаш е доволно да посегнат само во кујнскиот шкаф и фрижидерот за да си направат “магична напивка”, која ќе им го подобри изгледот. Посетата кај бјути експерти и следење на трендовите во светот на модата и убавината е исто така важно правило, за да бидете во тек со најновите трендови и да станете попривлечни.
А еве и неколку мали тајни за разубавување обезбедени од популарни бјути уредници од целиот свет:
Индонезија: маска за лице со ориз
“Имаме традиција во користењето на ориз за правење на пилинг паста за лице. Кога таа ќе се исуши се нанесува на лицето и така ги отстранува мртвите клетки “, изјави Пангести Бернардус од индонезиското издание на женското списание Women’s Health.
Рецептот е едноставен: се меле во блендер малку бел ориз, се додаваат мелени ореви, ѓумбир, цимет и сандалово дрво во прав. Сè се промешува до хомогена смеса, а потоа нежно се нанесува на лицето. Потоа се плакне со млака вода. Се прави еднаш месечно.
Продолжува на страна 2
Бразил: веѓи омбре
“Раскошните веѓи се поврзуваат со младоста. А ние Бразилките сме опседнати со неа. Затоа ја користиме техниката 3 D, за да создадеме илузија за густи веѓи. Таа претставува тетовирање на блед нијанса под контурата на веѓите, што ги прави пообемни и природни “, изјави бјути репортерот на бразилското Women’s Health Лариса Сепра.
Продолжува на страна 3
Блискиот Исток: арома на дрво
“Жените тука сакаат тешки мириси и се обложуваат на такви со арома на Арганово дрво. Многу од нив дури ja прскаат својата облека, за да го задржат мирисот подолго “, издаде Их-ва Хана, главниот уредник на медиумот за Блискиот Исток.
Маслото од Арганово дрво (Agarwood) е едно од најскапите во светот и се наоѓа тешко, но во последно време сè повеќе парфимерии го вметнуваат во производи.
Продолжува на страна 4
Јужна Африка: Бања со чај од ројбос
Јужноафриканките веруваат дека ројбосот има магични својства и чува младоста. Чајот од ова растение е силен антиоксидант и тие често го додаваат во кадата заедно со малку мед и лимон, откри Ања Жубер (бјути уредник на Women’s Health за Јужна Африка).
Продолжува на страна 5
Грција: темни очи
“Во грчката историја идеалот за убавина бил божицата на љубовта Венера. Фокусот биле очите – црни и драматично истакнати со јаглен. Жените ја копирале оваа слика со затемнување на веѓите и трепките. До денес Гркинките сакаат да ги затемнуваат очите и често се обложуваат на дебела очна линија или црна шминка “, објасни Ана Марија Папи од грчкото издание на списанието.