Научниците за прв пат дале име на топлотен бран. Го нарекле Зои.
Според USA Today, шпанските научници му го дале прекарот на топлотниот бран кој предизвика температурите да се искачат до 44,4 степени Целзиусови во Севиља помеѓу 24 и 27 јули. Тоа е нов обид да се привлече вниманието на екстремните температури и да се предупреди јавноста за опасностите, изјави за весникот Хозе Марија Мартин Олала, вонреден професор на Катедрата за физика на кондензирана материја на Универзитетот во Севиља.
Ураганите долго време добиваат имиња на луѓе, а неофицијалната практика на именување зимски бури се појави во 2012 година во САД. Но, Зои е првиот топлотен бран што е именуван.
Името е резултат на проектот proMETEO Sevilla, иницијатива на Фондацијата Адриен Аршт-Рокфелер на Центарот за издржливост на Атлантскиот совет, истражувачки центар и непрофитна организација со седиште во Вашингтон. Севиља е пилот локација за проект чија цел е да ја подигне јавната свест за екстремните горештини и да се залага за напори за намалување на опасностите од топлотните бранови.
Што е воопшто топлотен бран?
Топлотните бранови не се само топли денови. Шпанската национална метеоролошка агенција (AEMET) ги дефинира како епизоди од најмалку три последователни дена во кои најмалку 10 проценти од метеоролошките станици бележат максимални температури над 95-тиот перцентил за периодот јули до август помеѓу 1971 и 2000 година.
Не постои единствена дефиниција за топлотен бран во Соединетите Држави, но Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) користи репер од најмалку два дена кога дневната минимална температура, приспособена на влажност, е поголема од 85-тиот перцентил за јули и август помеѓу 1981 и 2010 година.
Број на луѓе изложени на екстремни температури
Топлотните бранови можат да бидат опасни, особено за ранливите групи како што се постарите лица и луѓето кои вршат физичка работа на отворено. Светската здравствена организација (СЗО) во 2018 година пресмета дека меѓу 2000 и 2016 година, бројот на луѓе изложени на екстремна топлина секоја година се зголемува за 125 милиони.
За прв пат откакос е бележи температурата, температурите во Англија во јули надминале 40 степени. Ова ниво на топлина може да биде смртоносно, особено во региони без климатизација или во згради кои не се изградени за да се справат со високи температури.
Соединетите Американски Држави исто така минуваат низ периоди на екстремни горештини со климатските промени. На 15 август, непрофитната Фондација First Street објави извештај во кој нагласува каде екстремните горештини најверојатно ќе станат почести во наредните децении. Нивното моделирање сугерира дека длабокиот југ, јужна Аризона и јужно-централна Калифорнија ќе доживеат некои од најекстремните промени. На пример, округот Мајами-Дејд во Флорида најверојатно ќе доживее 34 дена над 39,4 степени Целзиусови до 2053 година, во споредба со 7 дена денес.
Чувство на температура поголемо од 51 Целзиусов степен
Додека 8 милиони луѓе во Соединетите држави ќе доживеат топлотен индекс над 51,6 степени Целзиусови оваа година, неверојатни 107 милиони се очекува да ги искусат тие температури до 2053 година, откри непрофитната организација.
За разлика од самата измерена температура, индексот на топлина ја зема предвид влажноста за да го прилагоди како одредена температура на воздухот влијае на човечкото тело. Колку е поголема влажноста, толку потопла ќе биде специфичната температура на воздухот.
Можеби прв, но секако не и последeн
Зои можеби е првиот именуван топлотен бран, но нема да биде последен. Властите во Шпанија планираат да ги менуваат женските и машките имиња по обратен азбучен редослед за идните жештини. Со именување на топлотните бранови, proMETEO Sevilla се надева дека ќе ѝ даде до знаење на јавноста дека ќе треба да бидат дополнително внимателни, објави USA Today.
За време на топлотниот бран, СЗО советува да се разладите со отворање на прозорците ноќе за да влезе поладен воздух и да ја чувате светлината во текот на денот. Посебно внимание треба да се посвети на разладувањето на доенчињата, лицата над 60 години или оние со хронични здравствени проблеми.