Додека С. Македонија веќе беше елиминирана од машкиот EHF EURO 2024 по поразот на првите два натпревари, Швајцарија сепак имаше за што да игра во Берлин.
Andre Schmid и неговите соиграчи ги задржаа шансите откако ремизираа против Франција во 2. коло во неделата (26:26).
“Не знам дали постигнав 11 или 12 и не е важно, наместо тоа би сакал победа, резултатот е најважен, а не јас. Сакавме да победиме на овој натпревар против Македонија, како и двете други селекции, мислам дека сме подобри, дури и ако успеавме да ја изненадиме Франција во неделата. Затоа, не можам да бидам премногу среќен за ништо вечерва,“ изјави Andre Schmid по натпреварот.
Мартин Томовски кој застаната на голот поради повреда на Митревски, не го криеше свото задоволство и радост.
“Одигравме навистина добро, особено во првото полувреме. Игравме добра одбрана, можев да направам неколку прекина и ја искористивме предноста. Секако, притискаа во вториот дел, Schmid беше неверојатен, но одлично е што не паничивме и успеавме да останеме напред. Оваа победа е навистина важна за нас, подобро е да си одиме дома со победа на крајот, иако тука дојдовме со други цели,“ изјави Мартин Томовски.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, не го криеше задоволство по вечерашната победа над Швајцарија во 3.коло на Европското првенство во Германија.
Лазаров го пофали целиот тим кој успеа да ја прекине серијата без победа на евро-шампионатите која траеше четири години.
“Честитки до сите. Одигравме екстра квалитетен натпревар, со голема борбеност, мотивираност, многу жар. Ја посакувавме повеќе победата. Многу сум задоволен и среќен од презентираното. Ги сведовме на минимум техничките грешки за разлика од претходните два натпревара кога грешевме можеби од преголем респект. Благодарам на сите кои ни дадоа поддршка. Искрено ми е драго за момците и за цела Македонија.“
Македонија со оваа победа заврши на третото место во групата и обезбеди место помеѓу носителите во мундијалските квалификации.
Final Tournament • 10.01.2024 – 28.01.2024
GROUP I GP W D L GOALS DIFF PTS
1. Hungary 1 1 0 0 33 : 25 8 2
2. France 1 1 0 0 33 : 30 3 2
3. Croatia 1 0 1 0 28 : 28 0 1
3. Austria 1 0 1 0 28 : 28 0 1
5. Germany 1 0 0 1 30 : 33 -3 0
6. Iceland 1 0 0 1 25 : 33 -8 0
GROUP II GP W D L GOALS DIFF PTS
1. Denmark 1 1 0 0 37 : 27 10 2
2. Sweden 1 1 0 0 29 : 28 1 2
3. Slovenia 1 1 0 0 28 : 27 1 2
4. Netherlands 1 0 0 1 28 : 29 -1 0
5. Norway 1 0 0 1 27 : 28 -1 0
6. Portugal