Не треба да се сеќаваме за тиквата само околу вештерките. Според специјалисти токму таа е една од најкорисните видови храна и е добро да присуствува почесто на трпезата, соопштува Daily Mail.
Весникот се повикува на советите на нутриционист Касандра Барнс, според која тиквата е диететска, корисна е за очите, срцето, кожата. Исто така е силен антиоксиданс и содржи многу витамини кои го подобруваат и расположението.
Меѓу другите нејзини предности е и фактот дека таа содржи малку калории, но заситува. Богата е со влакна и затоа е добро да влезе во менито на луѓето кои почитуваат диети.
Една чаша исечкана тиква ја обезбедува дневната препорачана доза од витамин А. Бета-каротенот и другите каротеноиди во тиквата се многу важни и за цврстината на кожата, објаснува Барнс.
Антиоксидантите во тиквата и семките имаат заштитен ефект за целото тело, вклучувајќи и за срцето и крвните садови. Влакната помагаат за соборување на холестеролот.
За максимален ефект, откако ќе заврши сезоната на тиквата, може да ги посипете салатите со семки од тиква. Во маслото од семки од тиква, пак, има многу гама-токоферол – форма на витамин Е. Овој антиоксиданс го намалува воспалението и штити од некои видови рак.
Магнезиумот во тиквата помага за справување со депресијата.