ЗДРАВЈЕ

The Tibetan Rites | 5-те вежби од Тибет за одржување на младоста – Видео

By kukuriku

January 22, 2019

Вежбите претставуваат систем на вежбање кој влијае на телото, емоциите и умот.

Тибетанците тврдат дека овие вежби ги активираат и  ги стимулираат седумте клучни чакри, кои за возврат ги стимулираат сите жлезди на ендокриниот систем.

Ендокриниот систем, пак, е одговорен за целокупното функционирање на телото и процесот на стареење. Ова значи дека 5те вежби од Тибет ќе влијаат на функционирањето на сите ваши органи и системи, вклучувајќи ги и физичките и енергетските.

Човекот кој ги донесе овие 5 вежби надвор од Тибет изјави дека “извршувањето на 5те тибетски вежби ја стимулира циркулацијата на основната животна енергија низ телото”.

Придобивките од “Петте тибетски ритуали” се:

Како да вежбате?

Пожелно е да ги правите вежбите секое утро, уште пред да доручкувате, затоа што тие ќе ве раздвижат, ќе ве расонат и ќе ви ја дадат свежината којашто ви е потребна. Заради истите овие причини не е препорачливо вежбите да се прават навечер пред спиење.

Целта е да се стигне до 21 повторување од секоја вежба посебно. Па така, првата недела правете по 3 повторувања, втората недела по 5, третата по 7, четвртата по 9, и така за секоја недела, со секојдневно вежбање, зголемувајте ги повторувањата за два пати, се додека не дојдете до 21. Немојте да пропуштите ден да не вежбате, затоа што ако ја изгубите рутината, ќе треба да се вратите повторно од почеток кога правите по 3 повторувања. Ако сте спречени, од оправдани причини, наутро да ги правите вежбите, тогаш можете да ги направите било кога во текот на денот.