Тестирано како вакцината против грип влијае на инфекцијата со корона вирусот

44

Претходните истражувања исто така покажале позитивна врска помеѓу вакцината против грип и превенцијата од срцев удар и хоспитализацијата поради срцева слабост.

Една нова студија откри интересна врска меѓу луѓето кои примиле вакцина против грип во сезоната 2019/2020, во време кога пандемијата на корона вирус започна. Имено, кај нив пандемијата влијаела во помала мерка, односно ретко имале позитивен тест, а кога тоа било случај, во просек имало помалку компликации од луѓето кои не примиле вакцина за грип.

Истражувањето е објавено во “American Journal of Infection Control”, и во него биле вклучени 27.201 лица тестирани на ковид-19 до јули 2020 година. Од оваа бројка, 1.218 лица биле позитивни, а кога примероците биле поделени на оние кои примиле вакцина против грип и на оние кои не ја примениле, забележана е јасна разлика, пишува „Iflscience.com“.

Меѓу вакцинираните против грип, 4 проценти биле позитивни на ковид-19, а учеството на оние кои не биле вакцинирани е поголемо – 4,9 проценти. Разликата е мала во апсолутна смисла, но прилично голема во релативна смисла, што значи дека овој процент значи дека вакцинираните пациенти имале 24% помал ризик од добивање корона. Исто така, се покажало дека оние кои примиле вакцина против грип, имале помала веројатност да бидат хоспитализација.

Во оваа фаза, сè уште не е јасно дали причината за оваа врска е биолошка по природа, односно дали вакцината против грип на некој начин го подготвува имунитетниот систем да се бори против други видови вируси или е тоа социјален фактор.

– Можно е пациентите кои примаат вакцина против грип да бидат и лица кои практикуваат поголемо физичко растојание и го следат советот на лекарите. Сепак, исто така е веројатно дека може да има директен биолошки ефект на вакцината против грип врз имуниот систем релевантен за борбата против вирусот САРС-КоВ-2 – рече професорката Марион Хофман Боман од кардиоваскуларниот центар Michigan Medicine Frankel.

Ова истражување покажува дека вакцината против грип доведува до подобри здравствени резултати кога станува збор за пандемии.

– Одлично е кога можеме да им обезбедиме на здравствените работници друга алатка за охрабрување на пациентите да користат достапни, ефективни и безбедни методи на имунизација – додаде коавторот на студијата, професорот Кармел Ашур од истиот медицински центар.

Претходните истражувања покажале позитивна врска помеѓу вакцината против грип и превенцијата од срцев удар и хоспитализацијата поради срцева слабост.