Меѓу нас има посебни луѓе, некои се отворени, а некои се повлечени. Тие со еден поглед зборуваат повеќе отколку со зборови. За нив велиме, дека имаат стара душа.
Дали сте можеби еден од нив?
Ако вашиот поглед на животот е различен од погледот на повеќето луѓе, не ве загрижуваат успесите, достигнувањата и материјалните добра, вие сте позрела личност. Помудри сте од другите, сигурно сте секогаш подготвени да го поделите советот, посамостојни сте, се следите себеси а не другите, во тој случај припаѓате на луѓе кои имаат постара душа.
За да бидете целосно сигурни во тоа, прочитајте ги деветте особини и карактеристики што ги имаат луѓето со стара душа. Ако се препознаете во овие карактеристики, или забележите дека некој од вашиот круг ги има, бидете сигурни дека сте носител на стара, искусна душа.
1. Осаменик Стари души, кои во својот претходен живот доживеале или искусиле многу нешта, не се заинтересирани за интересите и постигнувањата на своите врсници, па затоа немаат вистински пријателски контакти. Тие претпочитаат да бидат сами, се држат до себе или имаат тесен круг на луѓе, кои се постари од нив.
2. Ве интересира знаење, мудрост и вистината Звучи многу грандиозно и малку снобовски, но старите души ги привлекува интелектуалната страна на животот. Старите души самите по себе разбираат, дека знаењето е моќта, дека мудроста носи среќа и дека вистината ослободува. Значи, како поинаку би ве интересирале сите оние работи кои се поважни од модните правци и популарните трендови? Вашата стара душа не ја интересира ривалството меѓу пријателите, ниту озборувањата на непријателите.
3. Се стремите кон духовност Емоционалните, стари души се исклучително нежни и чувствителни и духовно ориентирани. Тие не се заинтересирани за егото и за неговиот раст, туку се посветени на барање на просветлување, љубов и мир. Се чини дека таквите интереси се многу поумни и покорисни, од барање на материјална, и потврда за статусот и успехот.
4. Свесни сте за животот кој поминува Старите души често размислуваат, не само за поминувањето на својот живот, туку и за минливоста на сè што нè опкружува. Затоа старите души се претпазливи и често се чуваат. И покрај тоа, мудро кормилираат низ животот и смислено го градат својот животен стил.
Продолжува на страна 2
5. Промислени и дубиозни (сомнително) Старите души мислат многу, за сè и сèшто. Тие можат внимателно да размислат за своите дела и да научат многу од работата на другите. Во таа смисла, тие се одлични наставници и советници. Старите души се чувствуваат зрели во своето срце, пред сѐ поради нивната размислувачка природа, и тивкото набљудување на луѓето и околината.
6. Гледате поширока слика Старите души никогаш не се изгубени во површнските желби и достигнувањата. Тие не се заинтересирани за добра службена положба, образование, материјален статус и сл. Гледаат на животот од птичја перспектива, се занимаваат со мали и незабележителни детали. Многу им значи да го пронајдат значењето на нивниот животен пат, по кој чекорат чекор по чекор. Кога се соочуваат со проблем, тие не губат надеж. Тие сметаат дека проблемот е најобична пречка, која им дава задоволство во животот. Тие се свесни дека патеката на животот не може да биде рамна и мазна. Поради скромниот и мирен поглед на светот, тие не се склони кон драматизација, имаат мирен и стабилен карактер.
7. Не сте материјалист Богатството, статусот, славата и најновата верзија на iPhon … сето тоа старите души ги досадува и заморува. Во материјалните добра тие не гледаат никаква смисла ниту задоволство, без нив живеат квалитетен и исполнет живот.
8. Како дете сте биле чудни и различни Тоа не е правило, но повеќето стари души покажуваат знаци на зрелост во раните години од животот. За децата во кои е стара душа велат дека за свои години се премногу зрели, интровертни или бунтовни. По својот начин на живот тие се разликуваат од обичните деца. Во раните фази на развојот тие се љубопитни и интелигентни, често се случува да се досадуваат на училишните часови. Дома и во контакт со родителите, тие често се инаетат или се спротивставуваат на нивните наредби, бидејќи во нив не наоѓаат никаква смисла. Ако имате деца со кои можете да зборувате како со возрасни, тоа е знак дека во детето е стара душа.
9. Се чувствувате старо и зрело Ова, се разбира, не значи дека секое утро имате болки во грбот или имате некои физички нарушувања. Точно е дека на своите плеќи ја чувствувате тежината и проблемите на овој свет. Понекогаш сте сити од луѓе, чувствувате и ментален замор.