Состојки
- 300 гр шпагети
- 250 гр свежи шампињони
- ½ мала главица кромид
- 3 чешниња лук
- 4-5 гранчиња ситно исечкан магдонос
- 5 лажици маслиново масло
- по вкус мешан сув зачин, сол и бибер
- 200 мл растителна павлака за готвење
Подготовка
- Во тенџере на оган со зовриена и солена вода ставете ги шпагетите да се варат, по време означено на паковањето.
- Печурките изрендајте ги на ливчиња. Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и ставете ги во тава со масло, малку да се запржат. Додајте ги печурките, магдоносот и зачините по вкус. Оставете ги да се динстаат додека течноста им испари.
- Варените шпагети исцедете ги и додадете ги во тавата со печурки. Измешајте ги, а потоа додадете ја павлаката. Послужете ги топли.