МОЗГАЛИЦИ

Тест на личноста | Она што прво ќе го забележите на сликата ја открива вашата психичка состојба

By kukuriku

January 16, 2020

Овој психолошки тест на Херман Роршах ќе ви открие каква личност сте врз основа на тоа што прво ќе го забележите на сликите. Сакате да дознаете каква е вашата емоционална и психичка состојба? Потребно е само добро да се загледате во дамката, а она што прво ќе го видите на неа, ќе ви открие каков е вашиот однос кон другите луѓе. Прочитајте ги резултатите од тестот и дознајте нешто повеќе за себе…

Вие сте големи филантропи. Вие сте многу дружељубиви и сакате да поминувате време меѓу луѓе. Полни сте со доверба и лесно стапувате во контакт со непознати луѓе. По природа сте позитивни и исклучително креативни.

Лилјак

За некои луѓе, лилјакот е симбол на злото, додека за други, ова животно ја претставува слободата. Доколку обожавате стрипови, можеби сте го препознале знакот на Бетмен во овој цртеж. Ако направите анализа на тој херој, ќе дознаете нешто за себе. Доколку лилјакот ве потсетува на вампир, размислете дали се чувствувате исцрпено или исплашено.

Животни

Размислете на кои животни ве потсетува овој цртеж и како ги гледате. Доколку гледате опасно диво животно кое се бор, можно е потајно да чувствувате недоверба кон луѓето.

Зачаден облак

Каква симболика има црниот чад за вас? Дали ве потсетува на цигари кои ги поврзувате со страст или на оган кој уништува сѐ што ќе допре?

Две лица

Во вас владеат 2 личности кои се борат за контролата врз вашите мисли и постапки. Сите имаат ваква противречност во себе, но кај некои луѓе е поизразена. Дали лицата се свртени едно кон друго, дали се непријателски настроени или пак не?

Пеперутка

Запрашајте што претставува пеперутката за вас. Дали таа симболизира нежност и смиреност или пак пеперутката е олицетворение на слободниот дух? Пеперутката претставува трансформација, но и друштвен живот. Доколку на сликата гледате пеперутка со раширени крилја, најверојатно сте многу дружељубиви и имате многу пријатели.

Ангел

Ангелот претставува заштита, духовност и невиност. Вие им се обраќате на ангелите за помош кога сте под стрес и очекувате да ви помогнат околу решавањето на вашите животни проблеми.