Тест на корона кој може да го направите и дома

484

И врапчињата на гранката сега знаат кои се основните симптоми на вирусот корона – сува кашлица, исцрпеност, температура и најмногу, губење на чувството за мирис и вкус.

Аносомијата, односно губењето на мирис и вкус, е најсигурен симптом што сигнализира дека сте заразени со ковид, а неодамнешното истражување на индиски научници од Националниот биротехнолошки институт за агро-храна „Мохали“ и Институтот за медицинско образование „Чандигар“ открива кои мириси нема да ги почувствуваме први.

Имено, научниците развија тест за мирис користејќи пет различни белешки кои се најзастапени во индиските домаќинства и кои најлесно се препознаваат.

Тоа се лук, кардамон, анасон, кокосово масло и нане.
Студијата, во која беа вклучени 49 асимптоматски субјекти и 35 потполно здрави индивидуи, имаше за цел да го докаже редоследот по кој се менуваше чувството за мирис.

Резултатите покажаа дека оние кои се позитивни на ковид го губат чувството за мирис, но не и целосно. Само 4,1 отсто од нив не успеале да препознаат кој било од пет мириси на тестот, 38,8 проценти не можеле да идентификуваат барем еден од мирисите, додека 16 не можеле да препознаат два мириса.

Здравите испитаници, се разбира, ги препознаа сите мириси.

Сепак, оние кои биле заразени не можеле да мирисаат на два мириса – кокосово масло и нане.

Научниците сега се надеваат дека тест со овие два мириса ќе биде најбрзиот начин да се процени дали некој страда од вирус на корона, но потребни се дополнителни истражувања.

Меѓутоа, во случај на вонредна состојба, овој тест можете превентивно да го направите дома.