НАУКА

Тесла спиел 3 часа, Леонардо два, а еве колку другите генијалци

By kukuriku

February 02, 2021

Тие на светот му оставиле брилјантни пронајдоци, уметнички дела, визии, а за возврат добиле престол на кој седат само оние кои ја создале свеста на генерациите што доаѓаат.

Секој од нив бил генијалец во својата сфера на креативностa, но имале едно нешто заедничко – спиеле многу малку. Се верува дека еден од најголемите научници Никола Тесла спиел само 2-3 часа на ден, Наполеон помеѓу полноќ и 2 часот по полноќ …

Не мислам дека нема возбуда што поминува низ човечко срце како онаа кога ќе ја види креацијата на мозокоот како се издига во светлината на денот. Таквите емоции го прават човекот да заборави да јаде, да спие, да заборави на љубовта, рекол пронаоѓачот.

Научникот Исак Њутн спиел 2 до 3 часа на ден, а сепак живеел до зрела старост. Знаел да работи дење и ноќе, без паузи, сон, храна.

За Леонардо да Винчи, современиците објавиле дека спиел само два часа, реаспределуваајќи го сонот на петнаесет минути во текот на целиот ден. Ако им се верува на изворите од тоа време, тој знаел да биде буден 22 часа кога создавал некое од неговите дела.

За Винстон Черчил се знаело дека спие 3 до 4 часа на ден, но спиел попладне. Станувал во осум наутро и лежел во кревет следните неколку часа. Пишувал писма, пиел чај, читал весник и дури тогаш ќе започнел со работа.

Наполеон спиел само помеѓу полноќ и два наутро, како и во зори меѓу 5 и 7 часот. Според тврдењата на неговите офицери, Наполеон бил во можност да се „обнови“ по големи и тешки битки, по половина час спиење.

Денес има уште голем број на луѓе кои ги користат овие методи на „неспиење“ и тврдат дека тоа функционира совршено. Сепак, недостатокот на сон кај повеќето луѓе доведува до нарушување на здравјето, затоа по совет на лекар, слушајте го вашето тело, тоа најдобро ги знае нашите потреби.