Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, загина мотоциклист во Гази Баба

558

Мотоциклист од Скопје го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила влера вечерта на булеварот „Киро Глигоров“, во населбата Гази Баба.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „Мерцедес“ со српски национални ознаки со полуприколка управувано од А.К.(41) од Р.Србија, и мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.П.(32) од с.Стајковци-скопско.

Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.