Темната страна на Денот на вљубените | Жртвување кози и кучиња и камшикување жени со лешеви за “плодност”

1682

Една од главните причини за главоболки овие денови е Денот на вљубените.

Но, кога ќе ги видите овие историски традиции, ќе сфатите дека секогаш може да биде полошо и дека една роза е всушност многу убав гест

Иако многу луѓе ширум светот со години се жалат како Денот на вљубените е само капиталистички трик, верувајте – секогаш може да биде и полошо. За тоа сведочат бројни историски традиции.

На пример, Денот на вљубените низ историјата не бил романтичен, туку морбиден.

Знаеме дека старите Римјани имале чудни обичаи, но Lupercalia што ги славеле помеѓу 13 и 15 февруари биле особено „чудни“. Имено, стариот обичај бил во тоа време да се чисти градот од зли духови. Со самото тоа би се повикала плодноста, но и здравјето. Обичајот налагал главата на куќата да жртвува коза и куче, а потоа да ја удира жената со нивните трупови – за таа да стане што е можно поплодна.

Мммм, убавина, нели?

„Биле пијани и голи. Младите жени всушност требале да се наместат за мажите да ги удираат. Верувале дека тоа ќе ги направи поплодни“, вели Noel Lenski, историчар од Универзитетот во Colorado од Boulder.

Имено, според старото верување, оваа “веселба“ потекнува уште од поранешниот фестивал наречен Februa, а самото име доаѓа од латинското име за месец февруари. Ако одиме уште подалеку во етимологијата, името за февруари доаѓа од Feba, односно Аполон. Самиот бог Аполон бил наречен Feb. Има една стара латинска поговорка која вели: „По облаците, Feba“, а денес ни е многу попозната во формата: „По дождот, доаѓа сонце“.

Но, ова не е час по латински. Да се вратиме на Lupercalia. Богот што се поклонувал на Луперкалиите бил Luperc, а свештениците кои го воделе целиот фестивал биле наречени „браќа волци“. Lupercal била пештера во која, според легендата, волкот ги доел Ромул и Рем.

Постоел и обичај според кој тие организирале еден вид лотарија на која младите мажи извлекувале женски имиња од тегла. Тие потоаби се споиле и би останале заедно за време на фестивалот, а можеби и подоцна.

Ништо без отсекување на глави

Кој е овој Валентин поради кој се слави Денот на вљубените?

Имено, Валентин бил свештеник кој им помагал на погубените христијани и спротивно на наредбите на императорот Клавдиј II. Готик, венчава млади заљубени парови. Царот мислел дека младите оженети попрво би останале дома отколку да одат во војна. Затоа наредил да го погубат вечерта на 14 февруари 269 година на Фламинскиот пат во градот Рим. Над неговиот гроб во IV век била изградена базилика.

Она што секако е интересен податок, а веројатно ќе се надевате дека вашата друга половина нема да го дознае е фактот дека Денот на вљубените се слави неколку пати во годината. Со оглед на овој факт, можете да го прославите Денот на вљубените на 3 ноември во чест на Валентин од Витербо, или 7 јануари во чест на Валентин од Раети. Понежниот пол може да го избере единствената Валентина – девица маченичка од Палестина чиј празник е 25 јули.