Течност за плакнење на уста го неутрализира коронавирусот за 30 секунди

431

Научниците откриле дека одредени хигиенски производи што ги користиме на дневна основа имаат значително влијание врз коронавирусот.

Тие објаснуваат дека течноста за плакнење на устата, средство за плакнење на носот, па дури и разреден шампон за бебиња поради присуството на хемикалии во нив, ги уништуваат вирусните мембрани.

Новото научно истражување откри дека средствата што ги користиме секојдневно можат да послужат како дополнително оружје во борбата со коронавирусите. Но, се напоменува дека студијата во никој случај не сугерира дека овој прозивод може да ве направи имуни на КОВИД-19.

Исто така, ова не било тестирано на вообичаен начин.Тестовите биле извршени во лабораторија со употреба на култивирани човечки клетки. Научниците го користеле вирусот „HCoV-229e“, а не „SARS-CoV-2“. Иако двата вируси се генетски слични, и како такви може да се очекува слични резултати и кај новиот коронавирус сепак не може со сигурност да се потврди.

Тестовите покажале дека овие хигиенски производи ефикасно го деактивирале вирусот, иако имало разлики помеѓу одделни производи од тоа колку долго биле во контакт со вирусот.

Шампонот за бебиња успешно го неутрализирал вирусот во наведената концентрација на растворот за само 1-2 минути. Поточно тој неутрализирал 99% од вирусот за 1 минута и 99,9% за 2 минути.

Средството за плакнење на устата било уште поефикасно, неутрализирајќи 99,9% од вирусот за само 30 секунди.

Една германска студија во јули, исто така покажала дека употребата на средство за плакнење на устата го намалува вирусното оптоварување на новиот коронавирус.

Но, ниту една студија не гарантира исти резултати при користење на овие средства за хигиена во секојдневна заштита од вирусот, затоа што ова е равенка со многу непознати.

Потребни се уште многу клинички испитувања на овие производи за подобар увид, изјавил Крег Мејерс, автор на студијата. Дури и ако овие производи го намалат пренесувањето на вирусот за 50%, тоа сепак ќе има големо влијание на глобално ниво.