Театар Комедија со нова премиера | РЕВИЗОР

532

Театар Комедија ја најавува новата премиера за 5. Мај, Ревизор од Гогољ, во режија и адаптација на Андреј Цветановски.

Ревизор, според режисерот Цветановски, зборува за малограѓанштината не како географска одредница, туку како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко и за расипаноста на оние кои го обожуваат врховното божество, власта.

Гротеска на односот на граѓаните кон власта и нивната заслепеност од сјајниот костум на Петербург. Оваа претстава зборува за човековиот страв од власта и потребата од моќ кои како појави се појавуваат во овој систем и го јадат одвнатре до точка од која нема враќање.

Дали сите се наоѓаме во оваа приказна? До кога ќе живееме во свет во кој моќта претставува основна човечка карактеристика? И она најважното… Сите ли сме си наши?

Сценограф на предтавата е Сергеј Светозарев, а костимите се на Ивана Каранфиловска

Играат

  • Тони Денковски
  • Сергеј Димоски
  • Виктор Арсов
  • Жаклина Стевковска Дрнасин
  • Жаклина Петровска Милјановска
  • Едмонд Сотир
  • Илија Илиоски
  • Столе Мицов
  • Јаков Спасов
  • Ангела Стојановска
  • Марија Кондовска
  • Христијан Поп Симонов
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.