Тажно | Реномирана професорка во емисија открила како сака да умре, а потоа починала | Вознемирувачко ВИДЕО

986

Зборувала за драмата, а потоа во студиото се случи вистинска драма

Телевизиските гледачи биле шокирани кога професорката од Индија починала за време на директен телевизијски пренос.

Професорката Rita Jitendra почнала да се гуши и за кратток временски период починала додека гостувала во една емисија, пишува Daily Mail.

Професорката и уметница Рита зборуваше за нејзиниот живот и кариера, кога одеднаш престанала да зборува среде емисијата.

Водителот на програмата Zahid Mukhtar изјави како со неговата соговорничка разговарал за интересни работи од нејзиниот живот и дека изгледала сосема добро.

– Одеднаш таа престана да зборува и почна да ика. Моравме да го прекинеме интервјуто и да пуштиме нешто друго во етер да оди, за да и помогне и да ја пренесе во болница, раскажа тој.

Рита зборуваше за тоа како почнала да работи на драми, кога во студиото се случи вистинска драма.

Додека ја возеле во студиото за снимање на шоуто, професорката кажала дека би сакала да умре како поранешен претседател на A.P.J. Abdul Kalam, кој почина додека работел.

– Калам починал додека работел, а таа ми кажа дека би сакала исто така да заврши на овој свет. Тоа и се случи, рече Mukhtar.

Таа веднаш била пренесена во болница, но наскоро е констатирано дека е почината.

– Таа починала поради ненадејна срцева слабост, изјави докторот.