Пред 40 години татковците со децата во просек секој ден поминувале пет минути, а денес околу 35 минути. Мајките, исто така, наместо 15 минути можат да издвојат еден час.
Вработените татковци со децата трошат во просек по 35 минути секој ден, додека во 70-тите имале само пет минути за нив, утврдила заедничката студија од Универзитетот во Лондон и шпанскиот Универзитетот во Севиља. Заедно тие поминуваат седум пати повеќе време отколку пред 40 години, пишува Daily Mail.
И мајките денес повеќе се дружат со децата. 1974 г. со своите малечки поминуваа само 15 минути на ден, а денес речиси еден час. Начинот на кој го поминуваат времето со децата, зависи од социјалното потекло на самите родители.
Се покажало дека пообразованите родители почесто помагаат со задачите и училишните активности, додека родителите кои имаат пониско образовно ниво не планираат да учествуваат во нивното учење.
– Колку родителите повеќе им се посветуваат на децата, особено на активностите кои се добри за нивниот развој, толку и тие ќе бидат подобри – рече коавторката на студијата д-р Алмуден Севиља.