СЕМЕЈСТВО

Таткото е посреќниот родител

By kukuriku

April 18, 2021

Резултатите од новото американско истражување го потврдуваат она што мајките и татковците одамна го знаат од лично искуство – родителството е содржинско и целосно искуство, но често е стресно и заморно, особено за жените, пишува “Дејли експрес”.

За целите на истражувањето авторите од Универзитетот на Минесота анализирале податоци за над 12 000 родители. Истражувачите откриле дека мајките не се толку среќни колку татковците, бидејќи тие морале да извршуваат повеќе родителски задачи.

Жените исто така почесто објавувале за стрес и замор, бидејќи обично биле сами, кога се занимавале со децата, додека мажите во повеќето случаи се потпираат на поддршката на мајката.

Од друга страна татковците уживаат посреќно родителство, бидејќи на плеќите не им тежи сериозно оптоварување на секојдневните родителски задачи, и за нив останува повеќе време за забава со децата.

Сонот исто влијае на различните нивоа на среќа што ги доживуваат мајките и татковците.Студијата потврдува познат факт дека децата почесто ги будат мајките “час по час”, додека татковците обично уживаат во мирен сон.

“Добрата вест од нашето истражување е дека генерално родителите уживаат во времето поминато со децата. Лошата вест е дека мајките не се толку среќни колку татковците, бидејќи вршат повеќе “работи” и помалку “забавни” родителски активности “, вели Ен Мејер од истражувачкиот тим.