Брачните сопружници, пред се‘, треба да ги уважуваат туѓите навики и вкусови и да се потрудат да ги прифатат без критика, притоа да не се ставаат самите себеси како пример
Сакате ли да читате во кревет? Тогаш, помирете се со тоа дека вашиот сопруг ужива во следењето на фудбалските натпревари.
Ако вашиот маж сака да оди во недела на лов на риба и тоа значи дека вие тоа време никогаш не можете да се прошетате заедно, како вашите соседи, не го претварајте тоа во трагедија. Во тој случај побарајте да ви се посвети во сабота навечер. Секогаш треба да очекувате исклучоци во однесувањето на брачниот другар, ако и самите така се однесувате. Но, исто така, ништо нема полошо од тоа самите себа да се претворите во жртва. Тоа чувство се таложи, и порано или подоцна, ќе доведе до експлозија и до пореметување на брачниот склад.
Брачните партнери никогаш не смеат да го игнорираат хобито на другиот, да ги коментираат пријателите на сопругот/сопругата, и да покажуваат непријателство кон нив, да повишуваат тон, еден од нив да пуши во присуство на другиот кој е непушач, да уклучува телевизија или радио во неприкладно време од денот или ноќта.
Никој од нив не смее да остава неред позади себе, треба тивко да ги затвора вратите, да ги брише чевлите пред да влезе дома и да му подари бакнеж на брачниот партнер пред да замине на работа.
Забрането е да ги читате писмата на вашиот сопруг или сопруга. Тоа може многу да ги навреди и да ја изгубите нивната доверба во вас. Секогаш треба да го известите партнерот доколку ви стигнало заедничко писмо од некој роднина или познаник.
Не заборавајте да го пофалите ручекот на сопругата и да и‘ за заблагодарите за тоа секојпат кога ќе седнете на маса. Никогаш не станувајте ако таа се‘ уште јаде.
Многумина сметаат дека нежноста кон споругата претставува предзнак за матријархат, па најчесто се случува парадоксална ситуација; мажот е стопати пољубезен со сите други жени отколку со својата. Меѓутоа, не заборавајте, вистинскиот маж се препознава по тоа колку тој ги уважува неговите најблиски. Истовремено, неговото почитување спрема жената е прашање на неговото самопочитување, затоа што таа е сепак, неговата „половина“.
Продолжува на страна 2
Мажот мора да внимава да ги стекне следните навики:
– да и‘ го придржи капутот, како дома, така и на јавно место – да не чита на маса додека јаде – понекогаш да и‘ ја бакне раката на жената – на прослава, првиот танц мора да го игра со неа – задолжително да го пофали нејзиниот нов фустан, и воопшто, да и‘ дели комплименти – секогаш на вратата жената треба да ја пропушта прва – да и‘ купува ситни подароци без причина, повремено да и‘ купи букет цвеќе – во нејзино присиство да не се врти по други жени – во никој случај да не го користи следниот аргумент: „Јас заработувам и затоа сакам…“ – доколку излегува во неработно време, да и‘ каже на сопругата каде оди и кога ќе се врати – понекогаш да се интересира што правела таа додека тој не бил дома – воопшто, да разговара со жената, да не се ограничува само на „службени“ разговори
Еве неколку тактични совети и за жените:
– кога купува фустан, секогаш да го има предвид вкусот на споругот, не само на пријателките – често да го спрема јадењето кое го сака нејзиниот сопруг – да не ги користи неговите „свети“ предмети: да не го зема без прашање неговиот брич, да не ја средува неговата фиока, да не копа во неговата ташна – да не ги слуша намрштено неговите приказни во друштвото, иако за неа одамна се познати – да не го критикува сопругот пред децата – во никој случај да не се обидува да го контролира, тоа е особено навредливо за блиските луѓе – да не негодува против неговата поврзаност со мајката – понекогаш да му упати комплимет со тоа што ќе послуша негов совет – да не прифаќа гости кои него му се непријатни и да не одговара на повици од , за него, не толку драги луѓе – жените кои се втор пат во брак, не смеат гласно да коментираат некои добри особини што ги имал првиот маж.