Тајната на младешкиот изглед и дури на “вечната младост” се крие во црвенокосиот ген, покажува новото истражување.
Луѓето со овој ген – црвена коса и светла кожа, изгледаат помлади од реалната возраст во подоцнежна фаза од животот, открија научниците од Велика Британија и Холандија.
Специјалистите спроведоа иновативно истражување во областа на генетиката кај стареењето. Резултатите се објавени во списанието “Current Biology” и откриваат тајните зошто некои луѓе изгледаат помлади отколку што всушност се.
Вистината е дека сè се крие во генот MC1R чии сопственици изгледаат најмалку две години помлади од реалната возраст.