ЖИВОТ

Тајната на левораките лица

By kukuriku

June 21, 2019

Зошто човекот е леворак или деснорак останува и денес една од најголемите мистерии на човечкиот род.

Секое утро, милиони луѓе се будат со чувство дека сѐ е обратно, наопаку поставено и дека ништо не им оди “од рака”. Квакате се наоѓа на спротивната страна од вратата, менувачот во автомобилот се наоѓа од непрактичната десна страна, алатот им е прилагоден на деснораките …

Се чини дека светот е свртен на десната страна. Терминот “лев” добил многу погрдни значења. Со него воглавно се означува нешто погрешно, несоодветно и неточно.

Дали е погрешно да се биде леворак? Мислењата се поделени, но да тргнеме со ред.

Кои се левораките и дали се различни од деснораките? Тоа се претежно мажи – две третини од нив се припадници од машкиот пол. Леворакоста често се наследува од родителите. Се покажало дека во 50 проценти од случаите, родителите кои се левораки имаат левораки деца.

Шкотско-ирското семејство Kerr (од галскиот бор “lev”) имало толку многу левораки потомци што во 1470 г. изградиле во својот замок “Fernihirst” посебни скали за да ги задоволат машките членови на семејството кои се занимавале со мечување.

Сепак, леворакоста не се припишува само на гените. Околу 84 проценти od левораките се родени во семејства каде што “работите се придржуваат и се менуваат со десната рака. Покрај тоа, 12 проценти од случаите на генетски идентични близнаци, еден е леворак, а другиот е деснорак. Многумина денес сметаат дека не треба да се поттикне прашањето: Зошто некои луѓе се левораки, туку – зошто има толку малку левораки лица?

Левораките сочинуваат само 10 проценти од населението. Но, тоа е така, кај луѓето. Сите други видови, од шимпанзата до чинчилата, во подеднаков број се користат со левата или со десната рака.

Во потрага по објаснување – како функционира мозокот кај левораките, научниците дошле до забелешки дека десната рака е поврзана со левата страна на мозокот и – обратно. Деснораките во 95 проценти од случаите имаат центар за говор и комуникација преку јазикот, кој се наоѓа во левата хемисфера на мозокот, додека кај левораките пак е поинаку.

Само во 15 проценти од случаите говорот го контролира спротивната страна, односно, десната страна на мозокот. Експертите објаснуваат дека кај левораките луѓе, говорот во 70 проценти од случаите го контролира левата страна на мозокот, а останатите 15 проценти имаат центар за говор и јазик во двете мозочни хемисфери.

Продолжува на страна 2  

Paul McCartney, Jimi Hendrix, Kurt Cobain

Некои од најпознатите левораки биле Леонардо да Винчи, Алберт Ајнштајн, Бенџамин Френклин, Микеланџело, Марк Твен, Џими Хендрикс, Марија Кири, Гај Јулије Цезар, Александар Велики, Ганди, Моцарт, Бетовен, Гете, Аристотел, Ниче, Кафка, Ханс Кристијан Андерсон …

Невообичаени статистики

Некои научници сметаат дека левата половина на мозокот произведува линеарни, логички информации, додека десната одлучувачки влијае врз човековите емоции и расположение. Со тоа и се објаснува зошто левораките луѓе повеќе од другите се изложени на ризик да се разболат од шизофренија и страдаат од различни фобии и манична депресија.

Резултатите од една студија покажале дека левораките почесто креваат рака на себе. Самоубиствата меѓу нив се околу три пати повеќе во однос на деснораките. Исто така, се покажало дека левораките значително се почувствителни на делувањето на одредени лекови.

Американскиот истражувач Peter Irwin излезе со интересно откритие: Медикаментите со антидепресивни дејства, седативи, па дури и аспиринот, предизвикуваат во мозочните клетки многу побрза реакција. Дополнително, се чини дека левораките се двојно поподложни на дијабетес, ревматоиден артритис, чир, мускулна слабост …

Еден научник од Глазгов открил дека кај левораките дванаесет пати почесто се јавува дислексија и пелтечење. Со така наведените предиспозиции, на прв поглед станува неверојатно како тие луѓе воопшто живеат.

Но, тоа не е така, напротив. Леворакоста има свои предности. Camilla Benbow, универзитетски професор од Ајова, Америка, во своето истражување дошла до заклучок дека 20 проценти од математичките гении пишуваат со лева рака.

МЕНСА, асоцијација чии членови се луѓе со висок коефициент на интелигенција, исто така известува дека една петтина од нејзиното членство – се левораки.

Способноста во себе да ги интегрираат карактеристиките на “логичната” лева страна од мозокот и “интуитивната” или уметничката десна страна, често на левораките им овозможува да се искажат во многу области на човечката активност.

(На дното на текстот ќе најдете врска до страницата каде што можете да најдете листа на познати левораки луѓе, која е навистина импресивна, само да ги споменеме Ајнштајн, Микеланџело, Пикасо …)

Продолжува на страна 3

Alexander the Macedonian

Главни улоги

Левораките одиграле клучна улога и во многу војни во човечката историја. Легендарните команданти како Александар Македонски, Јулиј Цезар, Наполеон и неговата сопруга Жозефина, биле левораки.

Микеланџело ја обликувал познатата скулптура на Давид така што во неговата лева рака ставил прачка со која Давид морал да го победи Голијат. Во Библијата постои забелешка за околу 700 левораки кои непогрешливо гаѓале одредена цел.

Левораките отсекогаш имале безмалку посебно место. За нив велат дека се индивидуалисти, бунтовници кои од најраното детство одбиваат да се однесуваат како “остатокот од светот”. На кратко, луѓето кои не се сосема “нормални”. Денес, наставниците и родителите им овозможуваат на левораките деца да се, без да им се попречува, однесуваат во склад со својата природна склоност. Но, и покрај тоа, тие не се побројни отколку порано. Тие сѐ уште се во малцинство и ги има максимум 10-13 проценти.

Многу експерименти со глувци, мачки и шимпанза, покажале дека или ги користат двата екстремитети, но ако фаворизираат еден, меѓу нив е еднаков бројот на левораките и деснораките.

Тогаш, какво е потеклото на доминацијата на деснораките кај човекот?

Одговорот на ова прашање бара најсовремени знаења од антропологијата, неврологијата и генетиката. Тој дисбаланс десно – лево не е од вчера. На пример, археолозите забележале знаци на користење на десната рака на орудието кое им припаѓало на древните луѓе, пред повеќе од 30.000 години. Се чини, дека само неколку предмети припаѓале на левораките. Некои палеонтолози забележале преовладувачка доминација на деснораките од пред 1,9 милиони години. Влијанието на културата, се чини, дека не е доволно за да ја објасни таа доминација.

Секако, ниедно општество не наметнува употреба на левата рака, додека многу од нив тоа го осудуваат. Наклонетоста на десната рака понекогаш се противи на секоја логика, бидејќи арапските земји, на пример, имале голем интерес да ја фаворизираат левата рака, барем кога станува збор за пишувањето, бидејќи тоа се обавувало од десно кон лево. Сепак, арапските калиграфи најчесто се деснораки.

Сепак, и покрај проблемите со учењето, а понекогаш дури и притисоците, левораките сѐ уште се тука. Затоа прашањето е двојно: зошто деснораките се толку бројни и зошто левораките, иако во малцинството, сè уште постојат?

Продолжува на страна 4

Mozart & Beethoven

Леви контроли за деснораки

Психолошкото потекло на оваа појава останува непознато. Се настојувало да се воспостави врска со функциите на нервите распоредени во десната и левата половина на мозокот. Моторичките наредби за десната рака се поставени во левата хемисфера, како и нервните центри на говорот.

Понекогаш, кај левораките, се забележува доминацијата на десната хемисфера, кога е во прашање говорот. Но, тоа не е толку често да може да се заклучи дека постои физиолошка поврзаност меѓу говорот, што е карактеристика на личноста на човечкиот род и склоноста кон употреба на левата или десната рака.

Од друга страна, нашето познавање на сите финеси на развојот на мозокот сè уште е недоволно. Што се однесува до теоријата дека левораките се покреативни од деснораките, тоа е попопуларно верување од научната реалност, велат научниците.

Но, досега, најмногу од сè, нема објаснување зошто левораките претставуваат помал, но стабилен дел од населението. Дали можеби тоа е генетска појава?

Фамилијарниот трансфер на склоноста за која зборуваме е доволно да се запрашаме каква улога имаат гените во овој поглед.

Зошто леворакоста треба да се одржува без да се наметнува?

Бидејќи 90 проценти од човештвото е деснорако, додека приматите подеднакво се служат и со левите и со десните екстремитеит или се еднакво деснораки односно левораки, може да се каже дека да се биде деснорак е ознака на нашиот вид. Затоа, влијанието на генот не може да се порекнува.

Се чини малку веројатно дека еден ден ќе успееме да утврдиме дали склоноста кон левата рака треба да се поврзе попрво за посебната генетска конфигурација, отколку за имитирање на родителите и роднините. Како и да е, оваа склоност е наследна: помалку од 10 проценти од децата од мајката и таткото деснораки се левораки, а повеќе од 35 проценти од децата со левораки родители и самитен се левораки.

Карактеристиката која така се пренесува, дури и кога не е исклучиво генетска, во состојба е да се развива низ генерации поради промените во околината. Од еволутивна гледна точка, неутралното својство кое не дава никаква предност ниту го попречува прилагодувањето, не е предмет на селекција.

Ако таков случај е со нагласена склоност кон една или друга рака, процентот на левораките и деснораките ќе треба да се разликува од едната до другата група, како и кај други неутрални карактеристики, како што е случај со крвните групи.

Ако, според тоа, леворакоста значи предност, таа би била генерализирана. Спротивно на тоа, целосно би исчезнала, ако би претставувала хендикеп. Прашањето е, според тоа, зошто се одржува, а при тоа да не се наметнува.

Со проучувањето на леворакоста кај населението, некои љубопитни научници ги истражувале ефектите на годините врз таа особеност. ИЗНЕНАДУВАЊЕ: процентот на леворуките опаѓа со годините на спектакуларен начин, и тоа од 16% во изминатите десет години до 0 проценти во осумдесеттите години, според некои студии.

Најсигурни од овие истражувања се однесуваат на повеќе од еден милион луѓе и дава варијација од 16% во десеттите до 4% во осумдесеттите години. Дали тоа значи дека луѓето како што стареат ја менуваат претпоставената рака?

Социјалната присила е моќна: сите алатки се поставени за деснораките, малтретираните левораки луѓе даваат до знаење дека промената е можна. Но, таа промена е плод на интензивно учење, особено во раните години. Определбата за десната, односно левата рака се манифестира во првите години на животот и скоро е невозможно да се промени тоа кај детето по деветата или десеттата година.

Од друга страна, слободниот однос во изборот на раката при писување, во последните дваесет години, не значително го промени односот меѓу десноракото и леворакото население. Ако социјалниот притисок не го објаснува речиси целосното исчезнување на левораките луѓе, тоа би значело дека во просек, левораките можат да се надеваат на полош живот од деснораките.

Всушност, се чини дека на левораките во животот им оди малку потешко. Многу истражувања покажуваат дека, во однос на деснораките, левораките се почесто помали, подоцна влегуваат во пубертетот, трпат различни непријатности во развојот, почесто имаат некои болести, најчесто се алкохоличари или шизофричари, а забележано е дека меѓу левораките има повеќе пелтечење.

Продолжува на страна 5

Maria Skłodowska-Curie

Предноста на изненадувањето

И покрај тој приспособлив хендикеп, природната селекција не успеала да ги елиминира левораките. Тој парадокс заинтересира тим на истражувачи кои велат: “Левораките треба да имаат адаптивна предност која им овозможува да го компензираат дејствувањето на својот недостаток”.

Предноста која мора да постои во сите култури и отсекогаш, во колку се сака да се објасни константниот однос на деснораките и левораките низ целата позната историја на човештвото.

Која е предноста? “Изненадувањето”, одговараат истражувачите.

Изненадувањето кое леворакиот му ја приредува на десноракиот во меѓусебна борба! Тоа е хипотезата која споменатите научници ја предлагаат – предноста на левораките е, во нивната мала бројност! Десноракиот секогаш е поподготвен да се соочи со друго деснорако момче и да ја следи десната рака на својот противник.

Напротив, тој ќе биде помалку вешт во отфрлањето на ударите на некој леворак, кој, според тоа, се чини дека има поголема веројатност да излезе од конфликтот како победник!

Таа победа значително ќе ја подобри неговата општествена положба и ќе му овозможи полесно да се доближи до жените, со што ќе ги зголеми шансите за продолжување на својата лоза или посигурно ќе осигура подигање на своето потомство, ако го има.

Истражувачите наведуваат добро познат пример кај Индијанците од Јаномамо, чии војни се насочени кон запленување жени од други племиња. Оваа појава доаѓа до израз низ целата историја на човештвото. Дали таа сè уште има некое значење во нашиот современ живот?

Не е исклучено дека предноста на левораките се манифестира во блиска борба или во борбата при влегување во судир, за што свдочат бројни современи воени епизоди. Исто така, би било интересно да се изучи однесувањето на левораките во различни ситуации кога победата во физичка конфронтација носи еднакво почитување. За да ја тестираат оваа хипотеза, истражувачите го проучувале учеството на левораките во ситуации каде што борбените вештини се одлучувачки.

Се одлучиле за анкета меѓу студентите спортисти, водејки се со идејата дека некои спортови во играта воведуваат взаемна акција во блиска средба. Тоа е, се разбира, случај во боксот, џудото или мечуването; но, исто така, и во тенисот, пинг-понгот, во тимските спортови, како што се рагбито и кошарката, каде што видот на раката фаворизира некои играчи, во зависност од нивното место на теренот.

Како критериум, истражувачите ја одбрале раката со која се фрла, која може да има помало културно и образовно влијание од раката со која се пишува. Тоа е логичен избор, бидејќи станува збор за функционална предност поврзана со виталните движења на стрелач или борец. Резултатите се непобитни: кај студентите спортисти, левораките се почести отколку кај општата популација.

Таа тенденција е уште поочигледна кога ја гледаме спортската елита: кај тенисерите наоѓаме 15% од левораките, 23% кај боксерите, 32% кај пингпонгарите и до 50% кај мечувалците. Во исто време, не се забележува разликата помеѓу општата популација и оние кои се занимаваат со спорт, каде што нема директна конфронтација со противници, да речеме, пливање или куглање. Иако повеќето луѓе веруваат дека одлуката за тоа која рака во секојдневниот живот ќе биде примарна, претставува работа на личен избор, но тоа не е случај.

Напротив, во прашање е внатрешната посветеност на секоја личност. Кој знае, можеби токму вие сте потенцијално наклонети да ја користите левата рака, иако со десната рака пишувате цел живот. Можеби ова придонело од мали нозе родителите да ги насочуваат децата да се прилагодат на деснораките …

Продолжува на страна 6

Franz Kafka

Занимливости за левораките

■ Левораките се побројни меѓу децата чија интелигенција е поголема од 131. ■ Левораките имаат три пати поголеми шанси да станат алкохоличари, затоа што ја користат десната страна на мозокот, помалку толерантна за алкохолот. ■ Постојат двапати повеќе левораки мажи отколку жени. ■ Левораките мажи 15 проценти се побогати од деснораките кои завршиле средно училиште, а 26 проценти од оние кои дипломирале на факултет. ■ Ако двајцата родители се левораки, шансите нивното дете да биде леворак се 50%. Во исто време, и двајцата родители кои пишуваат со десната рака имаат само 2 проценти шанса да добијат леворако дете. ■ Повеќе од 2500 левораки умираат секоја година поради употребата на предмети приспособени кон деснораките. ■ Тие достигнуваат сексуална зрелост 4-5 месеци подоцна од деснораките. ■ Левораките лица кои доживуваат мозочен удар побрзо се опоравуваат. ■ Постои колеџ во Пенсилванија, единствен таков во светот, каде што се обучуваат левораки лица. ■ Десната рака ја симболизира машката енергија, а левата женската. ■ Деснораките живеат околу 9 години подолго од левораките. ■ Четири од петте компјутерски дизајнери на Macintosh биле леваци.